Прередување на бетонските коцки на „Којник“
Општина Велес согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес започна со активности за прередување на бетонските коцки на спојот на улица „Славе Петков“, „Рилски Конгрес“ и „Богдан Прличков“ во должина од околу 100 метри.
Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.
Увид во градежните активности во с.Сливник
Денес градоначалникот Славчо Чадиев изврши увид при изградбата на разводната мрежа и градежнните активности при изградбата на новото училиште во с. Сливник.
Со овој проект се предвидува реализација на разводна мрежа во село Сливник. Односно со техничкото решение се предвидува од постоечки резервоар на кота 498,45 mnv и запремина од 100м3, водата да се дистрибуира низ разводната мрежа со која се обезбедува потребната количина на вода од резервоарот до самите корисници.
Божествена Литургија во чест на Св. Вмч. Пантелејмон
Со Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештенството од Епархијата, се обележа денот на кој православниот свет го чествува Св. Вмч. Пантелејмон. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, а и по нејзиното завршување, не престануваа реки од народ да се движат кон Соборниот храм за да му се поклонат на својот закрилник, светиот Пантелејмон.
Велес го слави делото на заштитникот Св. Вмч. Пантелејмон
Со Празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата, а во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес. Храмот на патронот Св. Вмч Пантелејмон беше претесен да ги прими сите верници што дојдоа да присуствуваат на овој свечен чин.
Се гради патека за кајак на диви води
Денес на реката Вардар кај ,,Стариот мост" започна изгредба на патека за кајак на диви води. Оваа патека намената за овој вид на спорт е предуслов за непречено одвивање и обука на идните кајакари на диви води.
ОБЕЛЕЖАН ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН
Илинден е белегот што секој Македонец го носи во себе од раѓање. Илинден е симболот за непокорот и вековната борбата што ја води Македонија во целата историска низа од своето 3 милениумско постоење.
Концерт на групата „Монистра”
Во пресрет на 2 Август, Националниот празник на македонскиот народ, вечерва на амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа концерт на групата „Монистра”.
Волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Велес во соработка со Општина Велес, извршија делење на информативни флаери и вода за освежување на разни фрекфентни локации во градот
Волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Велес во соработка со Општина Велес во деновите 28,29 и 30.07.2015 година, извршија делење на информативни флаери и вода за освежување на разни фрекфентни локации во градот.