НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2014/2015 ООМУ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ВЕЛЕС

Учениците од ООМУ„Стефан Гајдов“ Велес , денес остварија средба со градоначалникот Славчо Чадиев. Учениците кои во текот на учебната 2014/2015 година остварија висок успех со освојувања на Општински, Регионални, Државни и Меѓународни награди, при средбата ги донесоа и нивните дипломи.

Повеќе...

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИТЕ „СТРАШО ПИНЏУР” И „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Во текот на вчерашниот ден заврши реконструкцијата и прекривањњето со нов слој на асфалт на двете најфрекфентни улици во централното градско подрачје. Со нов слој асфалт беше прекриен и дел од кружниот тек кај споменикот на велешките Илинденци.

Повеќе...

Учесниците на фоклорниот фестивал на прием во Општина Велес

Спектарот од бои, народни шари и насмеани лица од амфитеатарот на Младинскиот парк се пресели денес во општинската зграда.
На прием кај градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и претседателот на Организациониот одбор на ИФФ Томе Јаневски дојдоа преставници на фолклорните ансамбли од Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија и Полска за да ги пренесат првичните впечатоци од престојот во Велес и да се заблагодарат на гостопримството, граѓаните и организаторите што токму тие ја имаат привилегијата да бидат учесници на 12-тиот Интернационален фолклорен фестивал во Велес.

Повеќе...

СТАРТУВАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОВОГОДИНЕШНАТА 12-ТА ПИТИЈАДА

Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната 12-та питијада ќе биде најмасовната манифестација што ја организира општината.
Терминот на одржување е од 9, 10 и 11-ти октомври 2015. И оваа година на просторот пред кафиќите, на улица „Благој Ѓорев“
Во овој правец, за што подобра и поуспешна организација, ве замолуваме Вам почитувани граѓани, за било какви предлози, идеи и сугестии во пресрет на овогодинешната манифестација.

Повеќе...

Свечено отворен 12-тиот ИФФ ,,Велес" 2015

Вечерва на амфитеатарот во Младинскиот парк започна 12-тиот Интернационален фоклорен фестивал „Велес” 2015. Традиционално, на свеченото отворање му претходеше дефиле на учесниците низ улиците на Велес преплетувајќи ги боите на Македонија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Бугарија, Естонија, Полска и Србија.
12-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал го отвори градоначалникот Славчо Чадиев кој во своето обраќање истакна дека во Велес овие 5 дена официјален јазик на комуникација ќе бидат танцот и мелодијата, песната, ритамот на музиката со која ги изразуваат своите чувства членовите на сите странски и домашни фолклорни ансамбли.

Повеќе...

Велес во следните пет денови ќе живее во знакот на фоклорот

Од утре Велес станува фолклорен центар на Балканот. Започнува 12-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2015. На петте фестивалски вечери ќе настапат 11 странски ансамбли и културно уметнички друштва. По две од Романија, Турција и Бугарија, а по едно од БиХ, Унгарија, Естонија, Србија и Полска. Освен гостите домашниот фолклор ќе го промовират осум културно уметнички друштва.

Повеќе...

Градоначникот ги прими гостите од Бугарија – учесници на регатата

Вардарската регата „Гемиџии“ оваа година имаше меѓународен карактер. По водите на Вардар пловеа и нашите пријатели од Бугарија кои ова 4 дневно дружење и откривање на убавините на реката ќе го понесат како најубав спомен. Ова го истакнаа денес на приемот кај Градоначалникот Славчо Чадиев, гостите од Бугарија – учесници на регатата. Сеуште под силни импресии од доживувањата , гостите најавија учество на следната регата со многу поголема и технички поподготвена посада.

Повеќе...

Увид на улиците ,,Љубљанска'' и ,,Костадин Бодин''

Денешната агенда на Градоначалникот Славчо Чадиев продолжи со увид на улиците Љубљанска и Костадин Бодин каде се одвиваат интензивни градежни активности.
Овој зафат ќе се опфати бетонирање на дел од улицата Љубјанска и спојување со улицата Костадин Бодин.
Вкупната површина изнесува од околу 300 м2 и за оваа намена се предвидени средства во висина од 150.000 денари.

Повеќе...

Заврши Вардарската регата „Гемиџии“

Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, 100-тината учесници на Вардарската регата „Гемиџии“, предводени од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес, пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекааградоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

Повеќе...