КОМИТЕТОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ГО ОДРЖА ПРВИОТ РАБОТЕН СОСТАНОК

Управувањето со отпад е комплексно прашање за чие решавање е потребно вклучување на поголем број интересни групи. Заради тоа, Градоначалникот на Општина Велес формираше Комитет за управување со отпад кој има задача да го следи спроведувањето на Планот и Годишните програми за управување со отпад, да ги анализира податоците и информациите за тековната ситуација во управувањето со отпадот и да ги идентификува идните проблеми што ќе треба да се решат.

Повеќе...

Ученичката Симона Калешова доби признание од Чешкиот амбасадор

На меѓународниот ликовен конкурс „Лидице 2015“ во организација на Република Чешка, ученичката Симона Калешова од ООУ „Благој Кирков” Велес под менторство на наставникот по ликовно образование Живко Пренџов освои престижна награда.

Повеќе...

Посета на Урбанaта заедница ,,Превалец"

Агендата на градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Mесните заедници во Општина Велес продолжи и оваа вечер со посета на УЗ „Превалец”.
Ваквите средби се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа.

Повеќе...

Посета на Месните заедници „Чалошево” и „Сујаклари”.

 

Агендата на градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Mесните заедници во Општина Велес продолжи и оваа вечер со посета на MЗ „Чалошево”, МЗ „Сујаклари”.

Повеќе...

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 14-ТИОТ ИФАД „СТОБИ 2015”

Со претставата „Крал Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски вчеравечер на сцената на Народниот театар „ЈХК Џинот” Велес беше затворено 14-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Жирито во состав Катерина Коцевска, Јордан Витанов и Александар Ѓеорѓиев одлучи Гран при наградата за најдобра претстава да ја додели на „Електра“ во изведба на МНТ од Скопје. Во остуство на Андреј Жолдак режисерот на оваа претстава, наградата ја Никола Кимовски од МНТ кој изрази големо задоволство од добиеното признание.

Повеќе...

Балкански мрежи за заштита на културното наследство

 

На покана на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев во својство на Претседател на Асоцијата на градови од Македонија со архитектонско наследство учествуваше на меѓународна конференција посветена на перспективите за вмрежување во заштитата на културното наследство.

Повеќе...

Европската недела на мобилност одбележана во Велес

Oпштина Велес во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање традиционално од 16-22 септември се вклучи во одбележување на „Европската недела на мобилност“.
Во овој правец под мотото „Избери. Промени. Комбинирај“ денес, ученици на основните училишта како и средните училишта од Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

Повеќе...

НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК СЕ ГРАДИ СОГЛАСНО ЗАКОН И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Во интерес на вистината, a имајќи ги во предвид коментарите на социјалните мрежи кои се однесуваат на кружниот тек кај „Авона”, денес на пресконференција од страна на градоначалникот Слачво Чадиев и стручните служби беа презентирани сите детали за спореведената постапка, квалитет и стручност на изведените работи.
Согласно стручните и експертски мислења, досегашната крстосница воопшто не го задоволовуаше севкупното ниво на сообраќајна услуга, како и нивото на безбедност во неа, што беше од огромно значење за граѓаните на Велес. Имајќи го во предвид овој факт, а со тоа и наметнатата потреба од изградбата на кружниот тек, сосема оправдана е намерата на Општина Велес за реализацијата на овој проект.

Повеќе...

Наскоро двонасочен сообраќај до трговскиот центар


На локацијата кај „Авона“ се вршат интензивни градежни работи. Одвивањето на сообраќајот веќе се одвива по проектираната кружна линија. Останува во следните три седмици да се финализираат работите и овој инфраструктурен објект да се стави во употреба.
Денес на лице место беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој заедно со стручните служби и изведувачот одблизу го следеа текот на активностите. Притоа од страна на градоначалникот беше највено дека и паралелно со изградбата на кружниот тек се изработува и сообраќаен проект за двонасочно одвивање на сообраќајот до трговскиот центар во „Нова населба”.

Повеќе...

Во с. Новачани се поставува водоводна мрежа


Општина Велес превзема акција за решавање на водоснабдувањето во с. „Новачани“. Водоснабдувањето предвидено е да се реализира со поврзување кон новоизградениот водоснабдителен систем за населбите покрај езерото „ Младост“ кој всушност е поврзан на водоснабдителниот систем на градот кој го стопанисува јавното претпријатие „Дервен“. Поврзувањето ќе биде на доводниот цевковод кон резервоарот за викенд населбата над хотел Романтик.
Обезбедени се средства во висина од 2.милиони денари од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година за реализација на проект “Изградба на водоснабдителен систем за населено место Новачани“ со кој што Општина Велес аплицираше во Министерство за животна средина.

Повеќе...