ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИФТАР ВЕЧЕРА ВО С.ГОРНО ОРИЗАРИ
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, вечерва присуствуваше на Ифтар во с. Горно Оризари.
ДА ГО ЧУВАМЕ ОНА ШТО Е СОЗДАДЕНО ДА НЕ СЕ УНИШТУВА НАПРАВЕНОТО
Oпштина Велес во изминатиов период маскимално ги вложи своите професионални и технички капацитети за да му подари на Велес, поточно на граѓаните на Велес, неколку парковски и урбани површини на кои можат да позавидат и многу поголеми градови и урбани средини.
Заврши изградбата на паркинг просторот кај „Мало мовче“
Градоначалникот Славчо Чадиев во текот на денешниот ден во рамките на својата работна агенда изврши увид на локацијата во близина на Мало мовче, каде што завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за 168 возила. Површината на овој паркинг простор изнесува околу 3,660м2, а средствата за негова изградба се во износ од 3.000.000 денари.
НАСТАП НА ХОРОТ „СВ.ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ И ХОРОТ ОД БЕРКЛИ ОД КАЛИФОРНИЈА
Вчеравечер во амфитеатаротот на Младински парк продолжи културниот бран со настап на хорот „Св. Злата Мегленска“ и хорот на првата презвитеријанска Црква на Беркли, Калифорнија. Хорот Св. Злата Мегленска во изминатата 2014 година се закити со два златни и еден сребрен медал на светските хорски игри во Рига. Под водство на диригентката Летка Димовска-Полизова овој ансамбл ја потврди својата улога на афирматор на македонската хорска музика ширум светот вбројувајќи се во официјалната листа на дваесетте најдобри хорски ансамбли од целиот свет.
Завршува уредувањето на улиците „Костадин Бодин“ и „Љубланска“
Денес градоначалникот Славчо Чадиев направи увид на улицата „Костадин Бодин“и „Љубланска“. Градежните активности завршуваат оваа седмица со што уште две улици се уредени и пристапни на граѓаните. Овие улици се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште. Општина Велес и понатаму продолжува со изградба на улици на високите зони со што ке се овозможи по пристапен, безбеден и прегледен пат.