14-ти Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2015“

Вчеравечер, во Народниот театар „ЈХК Џинот“ започна 14-тото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма.
Во името на ЗГ „Стоби“, многубројната публика ја поздрави директорот на фестивалот Зоран Љутков кој упати благодарност до сите институции, организации и компании кои и годинава го поддржаа ИФАД „Стоби“.
На самиот почеток градоначалникот Славчо Чадиев упати посебен поздрав до креаторите на ова 14-то издание на Интернационалниот фестивал за античка драма „Стоби“ и на ансамблот на велешкиот театар „ЈХК Џинот“ предводен од директорот Јордан Витанов.

Повеќе...

Велес го празнува 24 роденден на Република Македонија

Во рамките на одбележувањата на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија денес делегации на Општина Велес, МВР-СВР Велес, Сојузот на борци на НОАВМ Велес, институции, политички партии и граѓани од Велес, со положување на свежо цвеќе на Спомен-костурницата, почит им оддадоа на сите паднати борци за Македонија кои го остварија стремежот за слободна држава.

Повеќе...

Интензивно се гради новиот кружен тек

Овој период на локацијата предвидена за нов кружен тек кај местото „Авона” се одвиваат интензивни градежни активности за негова изградба. Со пуштањето во употреба, планирано за еден месец, оваа клучка ќе биде една од најбезбедните за учесниците во сообраќајот. Проектот целосно се финансира од Буџетски средства, а изведувач на работите е градежната фирма Eвроинженеринг од Велес.

Повеќе...

Општинскиот електронски отпад предаден на овластен постапувач

Во Општина Велес втора година по ред се врши предавање на електронска отпадна опрема (компјутери, печатачи, телефони и др.) во согласност со законските обврски регулирани во Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
Старите и неупотребувани електронски уреди од Медицински центар Велес, општината, Територијалната противпожарна единица се предадоа на овластениот постапувач “Ивал трејд” ДОО Штип, со кој Општина Велес има склучено договор за собирање и транспорт на овој отпад.

Повеќе...

Голем пожар беснее во близина на Велес

Голем пожар кој попладнево некаде околу 13 часот изби во близина на с. Башино село се уште гори. Пламените јазици досега опфатија околку 100 хектари површина сува трева и грмушки. За среќа боровите дрвја на овој дел засега се спасени.
Со огнената стихија, а со цел да не се прошири и на околината, повеќе од пет часа се справуваат вработени од Противпожарната единица од Велес, ЈКП „Дервен“ и Шумското стопанство „Бабунa”. Како помош, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување испратени се и авиони кои интензивно се вклучени во акцијата за гаснење на големиот пожар.

Повеќе...

Одбележани 74-ри години од смрта на Коле Неделковски

Денес во Општина Велес на пригоден начин беше одбележан 2-ри септември, денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски. По повод одбележувањето на 74-ри години од неговата смрт, во ССОУ „Коле Неделковски”, училиштето што го носи неговото име, пред спомен обележјето на поетот делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе, а ученици читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот“ и „М' лскавици“.

Повеќе...

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година

Денес со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2015/16 година. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, во свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Велес, упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака низа успеси во новата наставна година.
Оваа година според работната агенда, градоначалникот ги посети учениците од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ и ССОУ „Коле Неделковски”. На најмалите, на првачињата градоначалникот Чадиев им порача дека од денес училиштето е нивниот втор дом.

Повеќе...

Камен темелник на новата црква Свети Јован Крстител

Денес (недела) на денот кога Светата православна црква го празнуваше споменот на Светите маченици Мирон и Патрокле, се изврши осветување на камен - темелник на нова црква во Велес. Новата црква ќе биде посветена на на светиот пророк и претеча Јован Крстител, a истата се наоѓа во населбата „Тунел” во близина на месноста „Багремче”.

Повеќе...

Заврши 11-тата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори”

Во саботата во Куќата на Касапови, свечено беше означен крајот на 11-тата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори”. По единаесетти пат куќите на Касапови и Џинот беа дом на големото семејство на сликари и свратилиште за сите намерници, љубители на уметноста.

Повеќе...