Прием на претставниците од исламската вероисповед
Денес градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев организираше прием за претставниците од исламската вероисповед. На приемот присуствуваа имамот на велешката џамија, членовите на Џамискиот одбор од Велес, претставници на граѓански организации и месни заедници.
„Ни една вера не не учи на лошо. Ако сме добри верници, дали муслимани или христијани, ако ја носиме божјата сила во себе и го почитуваме нашиот Бог, ќе бидеме вистински луѓе. Ќе проштеваме, ќе помагаме, ќе мислиме на доброто на соседот исто како и за своето семејство. Почестен сум што сте денес мои гости заеднички да го обележиме големиот празник, да си посакаме и понатаму успешна соработка и заеднички да ги решаваме сите проблеми што ги носи живото. “ – рече градоначалникот Чадиев.
БАЈРАМСКА ПРОСЛАВА ВО С. БУЗАЛКОВО
На покана на МЗ „Бузалково” а во чест на празникот Рамазан Бајрам вечерва градоначалникот Славчо Чадиев присуствуваше на празничната прослава која се одржа во ова велешко село. Тој ја искористи приликата уште еднаш од името на граѓаните на Велес, Советот на Општината и од негово лично име на присутните граѓани да им го честита денешниот празник. Ваквите прослави се уште една можност сите заедно да си посакаме пријатни денови исполнети со мир и благосостојба, истовремено упатувајќи порака дека соживотот и меѓусебното почитување се вековна традиција на овие простори.
Увид во градежните работи на патот Велес-Кадрифаково
Денес министерот за транспорт и врски заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово, изврши увид на градежните работи на патниот правец Велес-Штип кај Кадрифаково.
Делницата е во должина од 11 километри и треба да биде готова до април идната година.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА БАЈРАМСКАТА МОЛИТВА ВО С. ГОРНО ОРИЗАРИ
По повод големиот муслимански празник Рамазан – Бајрам, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев ја посети џамијата во селото Горно Оризари, каде на верниците муслимани го честиташе празникот и завршувањето на рамазанските пости.
СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Согласно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Сл.весник на РМ бр.115/14), Локалните институции од градот започнаа со обезбедување на паркинг простори за велосипеди во функција на објектите за јавна намена.
ИФТАР ВО ДВОРОТ НА ВЕЛЕШКАТА ЏАМИЈА
Како дел од активностите за одбележување на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам вечерва градоначалникот Славчо Чадиев присуствуваше на традиционалната Ифтар вечера во дворот на велешката џамија. Тој ја искористи приликата да им го честита празникот на присутните верници, посакувајќи им убави празнични денови, среќа и спокој во семејствата, како и единство, хармонија и взаемно почитување помеѓу сите граѓани.
Велес доби Совет на млади
Во Општина Велес денес беше одржана конститутивна седница на Советот на млади, кој ќе се вклучи во процесите на управување со локалната самоуправа. За негов претседател беше избран Филип Спирковски член на Ансамблот „Керамичар”, додека за заменик Кире Јосифовски. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој најави поддршка за сите креативни предлози кои ќе доаѓаат од новоконституираниот Младински совет на Велес.
Обележани 202 години од рагањето на Андреја Дамјанов
Годинава навршуваат 202 години од раѓањето на најголемиот балкански градител Андреја Дамјанов. Пред неговиот лик и дело со едно минутно молчење и положување на цвеке на вечното почивалиште на неимарот на македонската сакрална градба, делегација на Општина Велес, како и други делегации оддадоа почит. Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители.
Денес навршуваат 64 години од смртта на народниот учител Панко Брашнар
Денес, Општина Велес во соработка со Општинската организација на борци од НОВ одбележаа 64 години од смртта на народниот учител, Панко Брашнаров – илинденецот од двата Илиндена, затвореникот од сите режими, непоколебливиот правдољубец и борец за Македонија. Во негова чест пред споменикот се поклонија делегации од Општина Велес, АРМ, ОО на СЗБ од НОВ, преставници на институциите од градот, здруженија на граѓани и политички партии. По положувањето на букети цвеќе, пригодно обраќање за животот и револуционерниот пат на Панко Брашнаров одржа историчарот Слободан Ников.
ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА „БУЗАЛКОВО“ ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ
По воведување на услугата за собирање и транспортирање на комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад во населеното место „Бузалково“ од 01.05.2015 ЈКП „Дервен“ се зафати со чистење на дивите депонии со отпад.