ОТВОРЕНИ КАНЦЕЛАРИИ ЗА СРЕДБИ НА ГРАЃАНИ СО ПРАTEНИЦИТЕ

 

Со добивањето на мандатот велешките пратеници во Парламентот на РМ ветија дека ќе имаат свои канцеларии во кои ќе бидат секогаш достапни за граѓаните и во функција на решавањето на проблемите на градот.
Денес и ова ветување стана реалност – се отворија канцеларии на пратениците за комуниказија со граѓаните. Канцелариите се на ул. „Борис Трајковски“ бр. 19 и за граѓаните се отворени секој работен ден, а во петок покрај асистентите во канцелариите ќе може да се остварат контакти и лично со пратениците Илија Димовски и Ѓорги Коџабашиев.

Повеќе...

Свечено се затвори проектот „Етно работилници“

Општина Велес, проектот „Етно работилници“ го реализираше во соработка со ЗГ „Разбој“. На свеченоста што се одржа во Куќата на Касапови, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев им додели дипломи за успешна реализација на проектот на сите ученици , како и благодарници на координаторите и на професорите кои вложија голем труд.

Повеќе...

Гемиџиите на новото време по 17-ти пат запловија по Вардар

Следејќи ја традицијата на Гемиџиите и велешките трговци, учесниците на 17-та „Вардарска регата Гемиџии“ утрово тргнаа кон Гевгелија. Пред тоа сите учесници и присутни делегации оддадоа почит со положување на цвеке на Гемиџиите пред нивниот споменик на брегот на Вардар.
Вардарската регата е еден сублимат од историја и емоции. Емоциите се поврзани со името на револуционерите што гемијата ја избраа за симбол на својата борба за Македонија!

Повеќе...

Концерт на „Керамичар” во пресрет на Вардарската регата

Вечерва на амфитеатарот во Младинскиот парк, се одржа концерт во организација на Ансамбл „Керамичар“. На концеротот кој е во чест на почетокот на 17-тата Вардарска регата „Гемиџии” покрај играорците настапија и вокалните солисти и оркестарот на велешкиот ансамбл „Керамичар”. Претходно, гемијата со која ќе се плови по Вардар на претстојната регата од Велес до Гевгелија, на дефиле по градските улици беше претставена пред граѓаните на Велес.

Повеќе...

Се реконструираат улиците во центарот на градот

Во центарот на градот денес започнаа интензивни градежни работи за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур”. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес во рамките на својата работна агенда направи увид на активностите и обиколка на теренот.

Повеќе...

17-ТО ЗАПЛОВУВАЊЕ НА „ВАРДАРСКА РЕГАТА ГЕМИЏИИ“

По повод 17-тото издание на манифестацијата „Вардарска регата - Гемиџии’, денес градоначалникот Славчо Чадиев и организаторите од Здружението Вардарска регата „Гемиџии” oдржаа прес конференција на која детално беше презентирана програмата на манифестацијата.

Повеќе...

ХРВАТСКИОТ АМБАСАДОР ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Амбасадорот на Хрватска Златко Крамариќ денес имаше работна посета на Општина Велес.
На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев го запозна Крамариќ со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните.

Повеќе...

Започна реконструкцијата на обиколниот пат Велес - Башино село

Започна реконструкцијата на обиколниот пат Велес - Башино село. Овој проект беше предвиден во програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2015 година.

Повеќе...

Денес семејството Ангелови од с. Мамутчево го добија новиот трактор „ЗЕТОР“ преку ИПАРД фондот

Денес семејството Ангелови од с. Мамутчево го добија новиот трактор „ЗЕТОР“ преку ИПАРД фондот. Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.

Повеќе...

Велес го одбележа Светскиот ден на бегалците 20-ти Јуни

Светскиот ден на бегалците Републичкиот Црвен крст го обележа паралелно во Велес и Гевгелија со анимирање на јавноста за потребата луѓето да им помогнат на оние кои се приморани да го напуштат родното огниште. Во Велес, на платото пред Народниот театар активисти на ОО на Црвен крст на граѓаните им делеа промотивен материјал и пораки со апел за хуманост, а присутни беа Градоначалникот на Велес, м-р Славчо Чадиев, претставници на УНХЦР, УНДП, Републичкиот Црвен крст и бројни граѓански организации.

Повеќе...