Одбележан 19-ти мај Светскиот ден на семејните лекари

Во Велес се одбележа 19-ти мај Светскиот ден на семејните лекари. ЗЛОМ – СМ и оваа година го одбележаа со повеке активности, како , бесплатно мерење на крвен притисок, холестерол и триглицериди во крв на граѓани случајни минувачи, како и делење на совети и печатени флаери со едукативна содржина.

Повеќе...

Се гради крак од фекалната канализација во с. Горно Оризари

Во рамките на својата агенда за теренски активности, градоначалникот Славчо Чадиев денес направи увид и на локацијата во с. Горно Оризари каде се изведуваат градежните работи за изградба на крак од фекална канализација. Проектот опфаќа изградба на канализационен систем во должина од 556 метри, а истиот е во склоп на пречистителната станица за комунални отпадни води од Зона 3.

Повеќе...

Нови котли за затоплување за три велешки училишта

Овие денови во зградата каде се сместени двете општински основни училишта „Благој Кирков” и „Јордан Хаџиконстантинов Џинот” како и училиштето за деца со посебни потреби „Маца Овчарова” се вршат работни активности за инсталирање и ставање во функција на два нови котли за затоплување.

Повеќе...

Привршува изградбата паркинг просторот кај „Мало мовче"

Градоначалникот Славчо Чадиев во текот на денешниот ден во рамките на својата работна агенда направи увид на локацијата во близина на Малото мовче, каде што привршуваат градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за околу 60-65 возила. Со неговата изградба се очекува да се намали навалицата и гужвата, од левата страна на градот, но и од централното градско подрачје.

Повеќе...

Одбележан меѓународниот ден на музеите 18-ти мај

Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), организираше советување на тема „Музеите за одржливо општество“. Во партнерство со Општината Велес и Здружението Син Штит, а со логистичка и финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија,програмата на советувањето се одржува во градот на културата Велес.

Повеќе...

6-ти Меморијален турнир во фудбал „Зоран Паунов“

Во Саботата (16.05.2015 година) на Градскиот стадион во Велес во чест на легендарниот велешки голман Зоран Паунов-Паунов а под покровителство на Општина Велес се одржа 6-тиот по ред Меморијален турнир во негова чест. На турнирот учество земаа ветерани од фудбалската репрезентација на Македонија и ветераните на ФК „Борец” од Велес. Оваа година поуспешни беа репрезентативците, кои ги совладаа ветераните на Борец со краен резултат 5:4. Меморијалниот турнир во спомен на Зоран Паунов-Паунот е веќе традиција. Само на овој начин ке се продолжи неговото дело и постоење.

Повеќе...

НАЈМАЛИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Локалниот Совет за превенција од детско престапништво во рамките на својот акционен план ја реализираше активноста која е поврзана со младите и сообраќајот. Учеството на децата од предшколска возраст од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во сообраќајните патроли заедно со сообраќајната полиција имаа искуство да видат како функционира сообраќајот и како да се биде по претпазлив на улица.

Повеќе...

Саем за бизнис и претприемништво

По 7-ми пат се одржа Саемот за бизнис и претприемништво при ССОУ „Јовче Тесличков“ на која учествуваа 8 виртуелни компании.
Иако поводот за денешната средба беа виртуелните компании претставени на Саемот за бизнис и претприемништво, се нагласи и успехот на учениците во сите области, а со тоа и сестраноста и хармонијата што владее во оваа образовна институција и пред се можноста талентите да се издвојат и им се даде прилика да напредуваат во областите што им лежат.

Повеќе...

Градоначалникот Славчо Чадиев изрази сочуство за загинатите полицајци во Куманово

Граѓаните на Велес длабко ги потресе веста за загинувањето на припадниците на македонската полиција во борбите со вооружените групи во околината на Куманово. Во толку трагични моменти тешко е да се најдат зборови за утеха на семејствата на настраданите херои кои застанаа на браникот на мирот и безбедноста во Република Македонија.
Советот на Општина Велес, јас лично и граѓаните на Велес најостро го осудуваме обидот за дестабилизација на Македонија и нарушувањето на мирот и спокојството на нацијата, обидите за меѓуетничка дестабилизација и посегањето по суверенитетот на државата.

Повеќе...