ЗАВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ПАРКИНГОТ ВО НАСЕЛБА „ТУНЕЛ“

Финишира изградбата на еден од двата мини паркинг-плаца во населба „Тунел“ на улица „Славе Георгиевски Сватот “ . Овој мини парќинг ќе биде решение за подобра прегледност во сообракајот со што ќе се обезбеди безбедност како на возачите така и за пешаците.

Повеќе...

Градоначалникот Славчо Чадиев денес на прес-конференција ја презентираше новата Индустриска зона ,,Мамутчево

Се предвидува трајна пренамена на земјоделското во градежно земјиште и донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија , Г3 – сервиси, Г4 – стоваришта.

Повеќе...

Се потпиша програмата за соработка со АЛМА

Сериозноста на нашите взаемни заложби ја потврдува фактот што денес во Велес, градоначалникот Славчо Чадиев со господинот Жак Шлеф ја потпишаа петгодишната програма за соработка помеѓу Советот за развој на Вардарскиот плански регион и АЛМА во областа на винските патишта, културата и младите.

Повеќе...

Градоначалникот изврши увид на градежните активности

Денешната агенда на градоначалникот Славчо Чадиев продолжи со увид на работата на локациите каде се одвиваат интензивни градежни активности.

Во близина на ,,Малото мовче" во тек е изградба на паркинг-простор кој ќе биде наменет за околу 60-65 возила.Со овој паркинг простор ке се растерети метежот и отежнатиот сообракај во овој дел на градот .

Повеќе...

ВИНСКИТЕ ПАТИШТА НА ВАРДАРСКИОТ И РЕГИОНОТ АЛЗАС

На билатералната средба која се одржа денес, домаќин беше Велес како седиште на Вардарскиот плански регион. На средбата присуствуваа амбасадорката на Франција Оер, претставници на министерствата и општините од Вардарскиот регион, гости од регионот Алзас, претставници на здруженијата, асоцијациите, винарските визби и производители на вино.

Повеќе...

Започна реконструкцијата на Скејт -Паркот

Денес започна реконструкцијата на скејт-паркот до детскиот парк.Ќе бидат поставени нови скејт елементи, дотраената урбана опрема ќе се реконструира, ке се постави ново освлетување, клупи за одмор и ќе се реконструираат лулашките и другите елементи за игри на деца. Ова е од големо значење за љубителети што уживаат во овој спорт но и за останатите граѓани што секојдневно го посетуваат ова место.

Повеќе...

Волонтери на „Хабитат“ на средба со Градоначалникот

Волентерите од „Хабитат“, остварија средба со првиот човек на градот м-р Славчо Чадиев. Искрените зборови и волјата да помогнат во изградбата на новите објекти се знак на искрено подадената рака на помош и пријателство и сатисфакција за поминатите илјадници километри за постигнување на единствената цел – хуманата мисија.

Повеќе...

Со еко хепенинг обележан роденденот на планетата Земја

Со голем еко-хепенинг што се одржа денес во Младинскиот парк, Велес го обележа Роденденот на планетата Земја 22-ри Април. Како град докажан борец за здрава животна средина и со овој настан потврдуваме дека сите генерации на Велес се свесни за значењето на екологијата. 

Повеќе...

AТРАКТИВНОСТА НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „МАМУТЧЕВО” ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Оваа нова индустриска зона со нејзината поволна местоположба и добра инфрастурктура овозможува непречена комуникација која го привлекува вниманието. Општина Велес и понатаму продолжува со неуморна борба за отворање што поголеми можности за претставување на општината во регионот и пред меѓународната заедница, со единствена цел привлекување на инвеститори кои со изградба на нови капацитети ќе создадат услови за нови вработувања.

Повеќе...