Велес го одбележа Денот на Европа и Денот на победа над фашизмот
Велес го одбележа Денот на Европа и Денот на победа над фашизмот Велес ја одбележа 70 годишнината од победата над Фашизмот.
Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, претставници на институции и граѓани положија свежо цвеке и се поклонија на Спомен – костурницата во знак на почит кон жртвите на фашизмот. Исто во Младинскиот парк свечено се одбележа и денот на Европа. На оваа манифестација присуствуваше и Амбасадорот на Обединетото кралство Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет .
Одбележан Светскиот ден на медицинските сестри
Во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ денес се одбележа Светскиот ден на медицинските сестри, празнуван во чест на денот на раѓањето на најпознатата медицинска сестра во историјата – Флоренс Најтингејил.
„Горд сум што од името на Советот на Општина Велес и од мое лично име имам можност на медицинските сестри, акушерки и техничари од Република Македонија да им го честитам 12 Мај – Светскиот ден на медицинските сестри и 5-Мај – Светскиот ден на акушерките“ -рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Градоначалникот на Велес м-р Славчо Чадиев присуствуваше на прославата во чест на 7-ми Мај, Денот на Македонската полиција
Денес во просториите на СВР Велес, градоначалникот на Велес м-р Славчо Чадиев присуствуваше на прославата во чест на 7-ми Мај, Денот на Македонската полиција. На сите припадници на МВР и на униформираните и на цивилните лица Градоначалникот им упати честитки по повод денешниот празник и им посака успех во понатамошната работа.
„Стереотипи во избор на образование“
Во рамки на Оперативниот план за родова еднаквост за 2015, по склучен Договор за делегирани надлежности, Организација на жени на 7-ми мај во медиотеката на библиотека реализираше втор настан. Оваа активност се реализираше преку организирање работилница на тема: „Стереотипи во избор на образование“. Учесници беа ученици од трета и четврта година од средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“, а предавач беше проф. Анисија Јорданова Мајнова.
Честитка од градоналникот Славчо Чадиев за Денот на македонска полиција - 7 мај
Почитувани,
По повод 7-ми Мај – Денот на македонската полиција, дозволете ми во мое лично име, во името на Советот на Општина Велес и на граѓаните на Општина Велес, да упатам најискрени честитки до сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Учениците патуваат за Франција
Од 11-ти до 18 мај годинава Делегација на Општина Велес во придружба на професори и ученици од 4-те средни училишта ќе престојува во збратимениот град Шербур-Октевиљ, Република Франција.Со што започнува реализацијата на проектот „Споделено наследство“.
ОБУКА ЗА МЕНТОРСКО ВОДЕЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Денес во просториите на Општина Велес во рамките на реализирање на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост, се одржа втората обука „Насоки за почнување и спроведување на успешна програма за менторство и менторско водење на лица со попреченост“.
Се подготвува теренот за бетонирање што ќе ги поврзува улиците „Грозда Кочова“ со „Славко Ѓорѓиев Сватот“
Се подготвува теренот за бетонирање што ќе ги поврзува улиците „Грозда Кочова“ со „Славко Ѓорѓиев Сватот“
ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН СО 4 НОВИ ПРОЕКТИ
Како Претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион,градоначалникот Славчо Чадиев ги претстави четирите нови проекти на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Проекти финасирани од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, проекти за кој се обезбедени 10.488.494,00 денари и за кој е потпишан Договор на 04.05.2015 година.
„Хигиената е половина здравје“
По одржаните едукации за основците од Велес и Иванковци, на 06.05.2015 година, др. Марија Давчева, државен инспектор за храна и претседател на секцијата за хигиенизација во ООЦК Велес, одржа предавање на тема „Хигиената е половина здравје“ за учениците од петто и шесто одделение во с. Горно Оризари. На присутните 50-тина ученици им беа пренесени потребните знаења во врска со личната и амбиенталната хигиена и хигиена на храна.