Заврши бетонирањето на кракот од улицата „Невена Ѓорѓиева Дуња“ во населба „Тунел“
Заврши бетонирањето на кракот од улицата „Невена Ѓорѓиева Дуња“ во населба „Тунел“
Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“
Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“, чија должина изнесува околу 270м. Овој ѕид се гради со цел заштита од оштетување на водоводните цевки. Со ова ќе се овозможи и изградба на патека за пешаци со што ќе се зголеми безбедноста на патот. Во должина на патеката која ќе се протега над ѕидот ке се монтира и ограда- ракофат поради побезбедно движење на пешаците.
Посета на фабриката Маркарт во Романија
На 30-ти април годинава, градоначалникот Славчо Чадиев со претставници на општинската администрација ја посети фабриката на „Маркарт“, во Сибиу, Романија.
Велес на меѓунаρоден саем во Ρоманија
Од 1-ви до 3-ти мај годинава,делегација на Општина Велес пρедводена од гρадоначалниκот Славчо Чадиев, учествуваше на пρвиот Евρопсκи саем на замоци и κултуρно наследство што се одρжа во гρадот Хунедоаρа,Ρоманија.
Продолжува изградбата на потпорниот ѕид на новиот кружен тек при влезот на градот
Продолжува изградбата на потпорниот ѕид на новиот кружен тек при влезот на градот.
112 години од смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев
Денес се навршуваат 112 години од смртта на најголемиот македонски син, револуционер со апостолска дејност, првенец на револуцијата, долго очекуван предводник што доаѓа да го подигне и организира народот за спасоносното дело на револуцијата.
Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги одржуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
Неговите посмртни останки прво се чувани во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година кога се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.
Честитки по повод Мегународниот ден на трудот, 1-ви Мај
Почитувани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите граѓани им го честитам Мегународниот ден на трудот 1-ви Мај.
Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев
Продолжуваат градежните активности на ул. „Кире Праќицов“
Овие денови во тек е изградбата на вториот крак од улицата „Киро Пракицов“. Земјениот пат кој се уредува ќе ја зголеми безбедноста и пристапноста, но ќе се промени и самиот лик на улицата чија должина изнесува околу 170 метри . При одвивањето на оваа градежна активност ќе се опфати реконструкција и на мал дел од просторот каде граѓаните од овој дел на градот го поминуваат своето слободно време.
Заврши изградбата на мини паркинг-плацот на улица „Белградска“
Ова е вториот мини паркинг што се изгради во текот на изминатиот месец во населбата „Тунел“.
112 години од динамитните акции на Гемиџиите
Општина Велес достојно, онака како што им прилега на најголемите македонски синови, ја обележа 112 годишнината од Солунските атентати, обмислени и извршени од Гемиџиите во периодот од 28-30 април 1903-тата во Солун.