„САДНИЦА ПЛУС“ ЗА ПОЗЕЛЕНА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Денес во сите општински основни училишта и во Детската градинка „Димче Мирчев“ се реализираше акцијата „Садница плус“. Учениците извршија посадување на семенски материјал – семе од ела. Акцијата ја спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика со посредство на Општина Велес. „Садница плус“ е дел од Акцијата „Ден на дрвото“ и се реализира на територијата на цела Република Македонија.

Повеќе...

Градоначалникот Славчо Чадиев ви го честита државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес на сите просветни работници, ученици и сите граѓани на Велес им го честитам државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Просветителскиот дух што ги водел светите браќа пред 12 века, желбата да се описменат што повеќе Словени, да се доближат до науката и до Бога, го означи почетокот на интелектуалната преродба на словенските народи.

Повеќе...

Балетот „14 часа“ претставен пред велешани

Хит претставата „14 часа“ на националниот балет при Македонската опера и балет од Скопје вечерва беше изведена на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Оваа шеесетминутна современа балетска претстава која е една од најизведуваните, преку ликовите Лили и Марк, во 12 сцени ги разработи женско-машките односи. Истата е инспирирана од авторското изведувачко дуо Александра Мијалкова и Васил Чишијашвили, а во неа учествуваа и сите првенци и солисти на Македонската опера и балет.

Повеќе...

Празничен концерт за „Свети Кирил и Методиј“.

Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” a во пресрет 24 мај - Ден на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“, вечерва на сцената на Амфитеатарот во Младинскиот парк, велешкиот ансамбл „Керамичар” oдржа традиционален концерт. На концертот покрај домаќините настапија и гостите од КУД „Извор” oд Јегуновце и КУД „Дримкол” од Вевчани.

Повеќе...

Се одбележа денот на сесловенските просветители

Денес во Општина Велес во пресрет на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одржа свечена академија на која беа наградени најдобрите просветни работници. Најуспешни поединици за 2015 година се: Весна Сарагинова, вработена во ООУ „Благкој Кирков” Велес, која ја доби наградата за Најдобар наставник во предметна настава и Љубинка Р’тоска, вработена во ССОУ „Димитрија Чуповски“ на која и припадна признанието за Најдобар наставник во средно образование.

Повеќе...

Вознесение Христово – Спасовден

Денес по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, во црквата Св. Спас во Велес од страна на свештениците на Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија. Во рамки на чествувањето се одржа и панихида на гробот на Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Повеќе...

Безбедност во сообраќајот

Во организација на Општина Велес и во соработка со ООЦ – Велес и МВР- СВР Велес, во ООУ ЈХК-Џинот започна реализација на проектот на тема : „Безбедност во сообраќајот“ а следната седмица ќе се реализира во сите други основни училишта во Велес .
Учениците од 6-то и 7-мо одделение денес добија основна едукација за безбедност во сообраќајот, за определени и заштитни мерки при вклучување во сообраќајот и насоки за хуманост при помош на стари и изнемоштени лица кога ги поминуваат улиците.

Повеќе...

ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ НА НАСЕЛЕНО МЕСТО НОВАЧАНИ

Денес во Министерството за животна средина и поросторно планирање од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше потпишан договорот со кој се обезбедени се средства во висина од 2.000.000 денари за реализација на проектот „Изградба на водоснабдителен систем за населено место Новачани“.

Повеќе...

Отворена изложбата „Обединети сме посилни”

Денес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” беше промовирана изложбата „Обединети сме посилни”, која е во организација на Државниот архив на Република Македонија - Одделение Велес и Општина Велес. Изложбата за отворена ја прогласија д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија и Петре Саздов, член на Советот на Општина Велес.

Повеќе...

Велес го одбележа Денот на пожарникарството

 

По повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството на Република Македонија, во кругот на ТППЕ Велес денес се одржи свечена смотра на ваработените во ТППЕ. На свеченоста беше презентирана опремата што ја поседува единицата. Претходно припадниците на ТППЕ со расположивиот возен парк и опрема направија дефиле низ улиците на Велес, а волонтерите на ДПД „Видра“ на три локации во градот поделија информативни флаери за заштита од пожари во стамбените објекти.

Повеќе...