Градоначалникот Чадиев го презентираше Отчетот за 2014 година

Со завршна пресконференција на градоначалникот Славчо Чадиев денеска беше презентиран Отчетот на Општина Велес за 2014 година, каде се наоѓаат повеќе од 100-тината проекти кои беа реализирани изминатиов период.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ (За чистење на снег на јавната површина пред објектите од страна на корисните)


Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.

Повеќе...

Работилница под мотото „Дедо Мраз со подароци за сите“

На иницијатива на одговорните за проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието”, а во реализација на училишен тим од ООУ „Васил Главинов“ Велес, вчера во подрачното училиште во с.Бузалково се реализираше работилница по повод претстојните новогодишни и божиќни празници под мотото „Дедо Мраз со подароци за сите“.

Повеќе...

Се гради фекална канализација на Езерото Младост

Општина Велес продолжува со интензивните градежни активности за изградба на нови фекални канализациони мрежи. Овие денови на Езерото Младост во тек се активности за изградба на фекална канализациона мрежа во должина од околу 1.100 метри која ќе се поврзе на постоечкиот колекторски систем и изградената пречистителна станица.

Повеќе...

Честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство, од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам празникот на Раѓањето Христово.

Повеќе...

Промоција на шест нови книги на Брајово писмо

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани новите шест наслови од книгите испечатени на Брајово писмо кои ќе бидат дел од Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков”.

Повеќе...

ПРОДАЖБА НА ПЛАЦОВИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА РЕЧАНИ 2 И НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

Општина Велес го објави повикот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес а кој се однесува на продажбата на плацови во Индустриската зона Речани 2 и на Езерото Младост.

Повеќе...

Нека е честит 8-ми Декември,Денот на Св. Климент Охридски

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Велес, на сите православни верници да им упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски.

Повеќе...