Нова вежбалница во близина на велешката касарна

Во близина на велешката касарна се гради нова вежбалница, трета од овој тип. Со нејзината изградба, ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе од овој дел на градот кои токму овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време. Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат ќе можат бесплатно во било кое време од денот да ги користат овие спортски реквизити. Исто така на кошаркарското игралиште кое се наоѓа во близина на вежбалница, неодамна се изврши и реконструкција на кошевите и поставување на нови табли. Ваквите напори и вложувања се уште еден доказ дека Oпштина Велес посветува големо внимание на сите видови спорт вклучувајќи ги како училишниот така и рекреативниот.

Повеќе...

УД „Керамичар” одбележа 60 години работа и постоење на ансамблот

Со два јубилејни концерти на 7-ми и 8-ми Ноември, во рамките на Програмата за одбележување на Денот на Општина Велес, КУД „Керамичар” одбележа 60 години работа и постоење на ансамблот. Во изминатите 6 децении, „Керамичар” покажа дека е вистински културен амбасадор на Велес и Македонија, кој специфичниот македонски фолклор го доближи до луѓето од сите меридијани, во над 22 земји од Европа и Светот. Со голем ентузијазам, фолклорните групи на ансамблот „Керамичар“ градеа вистински културен бренд во срцето на Македонија, кој денес сите нас не исполнува со гордост и почит кон богатото фолклорно наследство.

Повеќе...

Нека е честит и вековит Денот на Општината 9-ти Ноември

Почитувани сограѓани,

Денес се навршуваат 70 години од ослободувањето на Велес. 70 години гордо и слободно ја раскажуваме историјата за трговците, Гемиџиите, за Вардар и мостовите, за Дамјанов и неговата тајфа. 70 години гласно ги пееме песните за војводите, за Алабакот, Докурчев и Офицерчето, за Миле Поп Јорданов и Петар Поп Арсов. 70 години пишуваме, учиме и градиме училишта по примерот на Џинот на свој македонски јазик и ги славиме Жинзифов, Рацин и Неделковски, народниуот учител Панко Брашнар.

Тоа се придобивките на слободата. Она што е создадено и изградено, направено после жртвата на сите велешки бесмртни дејци, после 1944-тата е наше дело создадено во слобода. Од името на сите граѓани на Општина Велес им благодарам за слободата.

Не беа ни лесни ни едноставни последните 70 години од историјата на Велес. Се градеше инфраструктура, се уредуваше општествениот поредок, се создаваше основа врз која од 8-ми септември 1991-ва година започна новата историја на самостојна независна, суверена Македонија.

Денес и во иднина, ние, остануваме со љубовта кон својот град и Република Македонија, да го чуваме суверенитетот и независноста, името и делото, културата и традицијата и со иста енергија да го пренесеме на нашите наследници – идните генерации велешани.

Нека е честит и вековит Денот на Општината 9-ти Ноември.
Под закрилата на нашиот патрон и заштитник Св. вмч. Пантелејмон нека живее вечно нашиот Велес. Младоста на нашите деца нека го храни, а наша мудроста нека го брани.
Ние велешани го сакаме својот роден град, ја сакаме Македонија.
Нека е за многу години!
Да живее Велес, да живее Република Македонија!

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес

70 години слободен Велес

Со положување цвеќе на Спомен костурницата од НОВ од страна делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ Велес, АРМ, преставници од збратимените градови, како и делегации од институции, устаноци, јавни претпријатија, здржуенија на граѓани и политички партии, денес се одбележаа 70 години од ослободувањето на Велес.

Повеќе...

Oтворена изложбата од 10-тата колонија „Папрадишки мајстори"

Најголемиот празник на Општина Велес, 9-ти ноември беше одбележан со отворање на изложбата од 10-та по ред Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. Ликовниот салон беше местото каде сите љубители на уметноста имаа можност за првпат да ги видат делата на учесниците на колонијата.

Повеќе...

Свечена седница на Советот на Општина Велес

Велес како урбано јадро на овие балкански простори егзистира од 123-тата година пред нашата или цели 2137 години. Сублиматот на сите револуции во оваа милениумска угорна патека на развојот на Велес е 9-ти Ноември 1944 година. Овој светол историски настан денес Советот на Општина Велес го обележа со свечена седница која се одржа во салата „Бели мугри”.

Повеќе...

Велес доби нов кружен тек и нова паркова површина

Празничната програма по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес започна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. На оваа регионална сообраќајница која што е директна и најфрекфентна врска со северна и источна Македонија, денес во употреба беше пуштен новиот кружен тек за регулирање на сообраќајот со значително проширување на просторот и зголемување на безбедноста.

Повеќе...

ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ВИСОКО НИВО НА ОДГОВОРНОСТ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Здружението на финансиски работници изминатиот период го реализираше проектот чија цел беше да се истражат добрите практики во доделувањето на договорите за јавните набавки во ЕЛС Велес. Анализата во која покрај наодите од истражувањто се најдоа и заклучоците и препораките, беа презентирани во Општина Велес. Здружението започна да го реализира проектот во Август оваа година. Тимот за имплементација работејќи според планот и методологијата за работа, направи истражување на јавните набавки во локалната самоуправа и изработи анализа во која меѓу другото се најдоа и неколку битни поенти:

Повеќе...

ВЕЛЕШКИОТ АКТЕР АЛЕКСАНДАР ЃЕОРГИЕВ Е ДОБИТНИК НА АКТЕРСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО”

Комисијата за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ одлучи годинава престижната награда да му се додели на велешкиот актер Александар Ѓеоргиев од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ - Велес. Одлуката во име на комисијата, на прес конференција ја соопшти Александар Ивановски.

Повеќе...

Заврши општинскиот противпожарен квиз натпревар

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на 70-годишнината од Денот на Општина Велес, денес се одржаа натпреварите од Општинскиот противпожарен квиз натпревар. На овој, 32 по ред општински натпревар, учествуваа учениците од сите основни и средни училишта во градот. Натпреварот за отворен го прогласи членот на Советот на Општина Велес,Петре Саздов, кој на сите учесници им посака среќен ден и многу успех.

Повеќе...