Евакуација на лица во областа Пешти кај Велес и санирање на последиците од неодамнешното невреме во с. Иванковци
Кризниот штаб на Општина Велес по пријава од Центарот за управување на кризи во текот на вчерашниот ден изврши извлекување на повекемина лица кои беа затекнати од високиот водостој на реката Бабуна во областа Пешти кај Велес.
Анкетен прашалник на Општина Велес
Почитувани,
Во насока на подобрување на услугите кои Општина Велес им ги нуди на граѓаните на Општина Велес, Ве замолуваме да одвоите неколку минути од Вашето време и да го пополните овој анкетен прашалник. Со искажувањетоа на вашето мислење имате можност активно да учествувате во подобрувањето на услугите и развојот на Општината.
(за да одговорите на анкетата, кликнете на сликата)
Велес е подготвен да се справи со невремето
Општина Велес во соработка со Центарот за управување со кризи ги прави последните подговки за справување со најавеното невреме. Во текот на вчерашниот и денешниот ден на повеќе пунктови низ општината се поставуваат вреќи со песок и се прават насипи за заштита од можното излевање на реката Вардар на сите критични места. Искуството покажува дека тоа е областа Речани, Шорка, Автобуската станица, Стар мост и сите потенцијални опасни зони долж течението на Вардар.
Модна изложба на Александра Крнинова - Груев
Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа изложба на илустрации и креации на моден дизајн чиј автор е велешанката Александра Крнинова – Груев.
Кризен штаб во пресрет на најавите за интензивни врнежи од дожд
По најавата од УХМР за нов бран на врнежи кој се очекува во петок попладне, а ќе продолжи и викендов, Кризниот штаб предводен од градоначалникот Славчо Чадиев одржа итен состанок на кој се договорени мерките кои ќе се превземат во следниот период.
Промоција на книгата „Името е нашата татковина“
Вечерва во Ликовниот салон во Велес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” се одржa промоцијата на зборникот „Името е нашата татковина“. Промоцијата на овој зборник беше во организација на Повардарската епархија и граѓанската иницијатива „Македонски манифест“. Настанот го отвори Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а по настапот на црковниот хор „Св. Кирил и Методиј“, како промотор кон делото се обрати и г-дин Ристо Никовски.
Концерт на класична музика
Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” вечерва во салата „Бели Мугри” се одржа Концерт на класична музика.
СЕ ПРОДАДОА 9 ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА РЕЧАНИ 2 И 4 ПАРЦЕЛИ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НАМЕНЕТИ ЗА ИЗГРАДБА НА МОТЕЛИ
Општина Велес пред малку го заврши процесот на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а кој се однесуваше на продажбата на плацови во Индустриската зона Речани 2 и на Езерото Младост. Градоначалникот Славчо Чадиев денес на пресконференција ја информираше јавноста дека во двете јавни наддавања се продадоа вкупно 9 плацови во Индустриската зоан Речани 2 и 4 парцели на езерото Младост.
ЈАВЕН ПОВИК за обука за стекнување на основни вештини за работа со компјутери
Се известуваат граѓаните дека Општина Велес ќе организира обука за стекнување на основни вештини за работа со компјутери.
Промоција на „Отворена книга” oд поетот Раде Силјан
Во рамки на проектот „Велес - Град на култура за 2015 година“, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата „Отворена книга“ од поетот Раде Силјан. На настанот промотивен говор одржа проф. д-р Златко Жоглев Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а стихови од книгата читаа Слободанка Чичевска и Игор Крајчев.