ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИТЕ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2014/2015 ГОДИНА

Врз основа деловникот и правилникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти а согласно со Статутот на Општина Велес, Советот на 27-мата седница донесе: Одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои ќе добијат стипендија за учебната 2014/2015 година. По доставениот извештај и предлозите врз основа на спореведениот конкурс од страна на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти, избрани се 8 ученици и 8 студенти кои ќе бидат стипендијанти на Општина Велес за оваа учебна година.

Повеќе...

Пет први награди за балетското студио „Анабела”

 

На меѓународниот натпревар по танцување „Skopje Open 2014” кој се одржа на 09.11.2014 год во Скопје, велешкото балетско студио „Анабела” oсвои пет први награди. По тој повод, градоначалникот Славчо Чадиев денес во просториите на општината ги прими наградените учесници од балетското студио како и нивните менторки. Од страна на градоначалникот, беа упатени честитки до наградените, со надеж дека ќе продолжат да се занимаваат со ова интересно хоби, а со тоа и успешно претставување нашиот град и држава воопшто. Инаку домаќин на овој натпревар беше танцовиот клуб “Ритам Плус”, а истиот се одржа во Универзална Сала. Наградите кои ги освоија нашите млади сограѓани се следните: I место: JAZZ DANCE FORMATION BABY - LET IT GO; I место: ETHNIC DANCE FORMATION MINI KIDS – АНГЕЛ СИ ТИ; I место: ORIENTAL DANCE GROUP CHILDREN - BIZANTINE MEDITATION; I место: MODEREN BALLET DUO JUNIORI Бојана Чолакова и Ангела Михова – EUPHORIA и I место: ETHNIC DANCE FORMATION JUNIOR – ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО.

Повеќе...

Асфалтирана е една од најфрекфентните улици во с. Бузалково

Во село Бузалково викендов завршија градежните работи за асфалтирање на 170 метри од улицата која минува низ селото и води до с. Сливник и с. Р’левци. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес беше во посета на ова велешко село каде заедно со жителите направи обиколка и увид на завршената работа. Од негова страна беше истакнато дека е задоволен изведбата на градежните активности, со што се решава долгогодишниот проблем на овој дел од патот каде секојдневно минуваат жителите од селата Бузалково, Сливник и Р’левци. Средствата за уредувањето на овој дел од улицата во висина од околу 700.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.

Повеќе...

Нова урбана опрема околу Езерото Младост

Со поставувањето на урбана опрема на пешачката патека околу Езерото Младост се создадоа пријатни места за одмор и рекреација на граѓаните кои овде го поминуваат своето слободно време.

Повеќе...

Играј фер и веќе си победник

Денес во просториите на ООУ „Блаже Конески” Велес се реализираше актвиноста „Играј фер и веќе си победник” како дел од програмата на Советот за превенција од детско престапништво. Активноста има за цел зголемување на свеста за потребата од развивање на програми и постапки за намалување на ризиците кои водат до малолетничко престапништво. Во оваа активност учествуваа родители, ученици и наставници а преку игра се даде значење за важноста на влијанијата на семејството и училиштето во превенирање на детсткото престапништво. Учесници во активностите беа ученици, родители и наставници (вкупно 45) од ООУ „Блаже Конески” Велес и ООУ „Благој Кирков” Велес.

Повеќе...