Започна турнирот во одбојка на песок Veles Open 2016

Денес на одбојкарското игралиште за песок во организација на Градскиот одбојкарски клуб Борец а со поддршка од Општина Велес и Советот на млади на Општина Велес започна најавениот ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК . Првите натпревари ги одиграа учесниците од категоријата аматери.

Повеќе...

ВО САБОТА НА ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ" ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТРЕТИОТ „ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН”

Оваа година по трет пат во водите на Езерото „Младост” ќе се одржи „Велешкиот пливачки маратон” на кој ќе бидат запазени сите пропозиции за одржување на манифестација од ваков вид.
По тој повод денес на пресконференција во Општина Велес беа образолежни сите детали за претстојниот настан.
Од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше истакнато дека Велешкиот пливачки маратон ги обединува во себе спортот, љубовта кон природата, но уште поважно го покажува на дело ентузијазмот на организаторот, ориетираноста на младите кон вистинските вредности и обезбедува директна комуникација меѓу нив.

Повеќе...

Градежни активности во подрачното училиште во населба „Превалец”

Со донација и со средства од Општина Велес се уредува дворното место на училишната зграда. До стартот на учебната година по истиот принцип (донација и средства од Општина) ќе се реконструираат училниците – промена на прозорци и поставување на ламинат. Ќе се уреди и предпросторот на училиштето со зеленило и урбана опрема.

Повеќе...

Aсфалтирање на улицата „Невена Георгиева - Дуња”

Градежните работи во Велес продолжуваат со несмален интензитет. Во текот на денешниот ден се врши асфалтирање на улицата „Невена Георгиева - Дуња” , која се наоѓа населбата „Тунел”.
Станува збор за улица во должина од 180 метри која е многу важна за жителите од овој дел на градот, а која досега беше во лоша состојба. Исто така на оваа локација е уреден и паркинг простор за околу 30 возила.

Повеќе...

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА 12-ТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ПАПРАДИШКИ МАЈСТОРИ 2016”

Вечерва во куќата на Касапови, свечено беше отворена 12-тата по ред Ликовна колонија „Папрадишки мајстори”. Истата по пат на делегирана надлежност, ја организира Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“.
Организаторите на Колонијата оваа година имаат обезбедено учество на 20-тина странски учесници и тоа од Русија, Турција, Словачка, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Сите заедно се сместени во куќите на уметноста.
Раководителите на Колонијата, во својство на членови на ЗГ „Папрадишки мајстори“ се навистина мајстори на својот занает. Благодарејќи им ним и на заложбите, авторитетот и афирмацијата што тие ја прават за Колонијата, може да се каже дека велешката колонија е во самиот врв во Република Македонија, рамо до рамо со кичевската, струмичката и ресенската.
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на чинот на свеченото отворање на овогодинешната колонија на гостите-учесници им посака да се чувствуваат пријатно во Велес, да останат засекогаш наши пријатели и пријатели на градот.
Вратите на куќите на уметноста од вечерва, па во наредните денови се отворени за јавноста и за посетителите. Делата од Ликовната колонија „Папрадишки мајстори“ по традиција ќе бидат изложени во Ликовниот салон по повод Денот на Велес - 9 ноември

ГОК „БОРЕЦ” ЗАПОЧНУВА СО ТРЕНИНЗИ

Заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во спортот се потврдуваат на дело. Покрај создавањето на Градски ракометен клуб, се оформи и одбојкарски клуб кој ќе го претставува Велес на сите натпреварувања. ГОК „Борец” од вчера започна со тренинзи. Со засилени активности во тренизните и натпреварувањата велешките одбојкари ќе продолжат во претстојната сезона. Целта е прво да се застане на здрави нозе, а потоа клубот да ги достигне и освои повисоките места од табелата.

Повеќе...

Бетонирање на улица во с. Раштани

Во с. Раштани неодамна завршија градежните активности за уредување на улица од ова населено место, во должина од 200 метри.
Средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот за 2016 година.

Повеќе...

Уредена е улица во с. Бузалково

Во с. Бузалково неодамна завршија градежните активности за уредување на улица од ова населено место, во должина од 400 метри.
Средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот за 2016 година.

Повеќе...