Презентирано идејното решение за покривање на градскиот пазар

Градоначачникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го презентираше идејното решение за проектот „Покриен градски пазар“. Го изработи фирмата „Гео Балкан“ од Битола. Со него се предвидува објектот да биде покриен, но од страните отворен затоа што испитувањата покажале дека тоа е идеалната комбинација за ваквиот тип на објекти. Идејното решение набрзо ќе се доработи во финален проект. Првата идеа, тој да се гради со јавно-приватно партнерство пропадна, затоа што на двата јавни повика не се јави ниту една фирма која беше заинтересирана, затоа Општина Велес одлучи да го изгради со сопствени средства. Според градоначалникот Чадиев, изградбата на покриен градски пазар е голем и скап проект.

Повеќе...

Се реновира улица од 420 метри во село Бузалково

Една од најголемите улици во село Бузалково започна да се реновира. Екипи на фирмата изведувач се на терен. Денеска завршуваат подготвителните работи. Извршено е тампонирање и се поставуваат ивичници, а од утре започнува поставување на мрежа и бетонирање на улицата. Градежните работи се изведуват во горниот дел на селото. Улицата е со вкупна должина од 420 метри. На овој потег има 60-тина семејни куќи во кои живеат скоро 500 жители.

Повеќе...

АМБАСАДОРКАТА НА БИХ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА ВЕЛЕС

Амбасадорката на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, Лепа Бабиќ денеска беше во посета на Општина Велес. Со Градоначалникот Славчо Чадиев разговараа за можна бизнис соработка помеѓу Велес и општини од БиХ.На средбата беше речено дека потенцијалите се големи. Општините од двете држави може да соработуваат на повеќе полиња, а токму Велес е избран поради добрите можности кои ги нуди.

Повеќе...

Плакета за Градоначалникот Славчо Чадиев од Сојузот на здруженијата на пензионери

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски денеска му врачи плакета на Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Признанието му го додели за особен придонес во развојот на пензионерското организирање во државата.Во изминативе неколку години Општина Велес и Здружението на пензионери партнерски работеа на повеќе проекти и реализираа идеи со кои се подобри животот на пензионерите.

Повеќе...

ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА „ЦРНИТЕ СТРАНИЦИ НА УДБА“

Едицијата „Црните страници на УДБА“ денеска промовирана во Велес. На овој начин Општината одбележа и 123 годишнината од Формирањето на Македонската Револуционерна Организација. „Во Општина Велес се одлучивме годишнината од одбележивањето да ја направиме со промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“, изработена од Државниот архив на Република Македонија, институцијата чувар на македонската национална историја. Преку овие дела се дава појасна слика за случувањата во Македонија, за методите кои биле користени од тајната полиција и лицата кои како поткажувачи давале подацоти за следените граѓани„рече Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес.

Повеќе...

Учениците од основните и средните училишта учат здраво да се хранат

Ценатрот за јавно здравје во соработка со Општина Велес и училиштата започнаа да реализираат кампања за здрав и правилен начин на исхана. Кампањата се спроведува преку трибини кои се одржуваат во сите основни и средни училишта во градот.
Медицински тим од Центарот за јавно здравје го презентира здравиот начин на исхрана и таквиот тип на живот на трибини со работна тема: „Правилната исхрана на младите луѓе и здравствените ризици од неправилната исхрана“.

Повеќе...

Национална стратегија за женско претприемништво

Во Општина Велес денеска се одржа работилница, која е дел од изработката на „Национална стратегија за женско претприемништво“. Велес е една од петте општини каде се изработува стратегијата. Досега се изврши анкетно испитување, дијалози, разговори со Невладините организации и локалните самоуправи,а сега во тек е крајната фаза. Организаторите велат дека дел од предлозите и идеите кои ги даваат претставниците на НВО секторот и Општините ќе бидат вклучени во конечната верзија на документот.

Повеќе...

Вардарска долина, Изградба на пречистителни станици на реката Вардар и Меѓународна регата до Солун – Теми на разговор помеѓу градоначалниците на Велес и Солун

Да се организира Меѓународна регата во реката Вардар, од вливот на Црна река, во близина на археолошкиот локалитет Стоби до Солун. Ова беше директен повод за средбата, која на покана на својот колега, во Солун ја одржаа градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев и Градоначалникот Јанис Бутарис.
„Средбата е значајна затоа што со неа практично го скршивме мразот. На градоначалникот Бутарис му се допаднала идејата која јас ја дадов во изјава дека еден ден регатата ќе заврши во Солун и затоа побарал средба со мене околу разработување на таквата идеја и проект„вели Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес.
На средбата градоначалниците на Велес и Солун разговарале и за изработка на проект со кој во иднина треба да се изградат пречистителни станици во градовите низ кои поминува реката Вардар.
Чадиев и Бутарис го посочиле и проектот „Вардарска долина“, со кој Солунското пристаниште преку пловна река Вардар ќе се спои со Дунав и Сава.

Археолошки истражувања на локалитет „Велешко кале“

Општина Велес и Народниот музеј вршат истражување на археолошкиот локалитет „Велешко кале“ во непосредна близина на градот. Целта на надлежните е да се претстави целосна слика за условите во кој се одвивал животот на нашите предци. Тимови на Народниот музеј од Велес ги вршат ископувањата, кои се финасирани од Општина Велес. Градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски денска беа на лице место и го видоа напредокот кој го направија археолозите. Во наредниот период, се планира да се изработи проект за пристапност со што локалитетот ќе стане попосетуван од домашните и странските туристи. „Општина Велес се вклучува во истражувањето на локалитетот.

Повеќе...

ООУ „Васил Главинов“ и ООУ „Рајко Жинзифов“ од Г. Оризари второ и трето место на конкурсот за најбезбедни и најчисти училишта

Министерството за образование и наука во соработка со ОБСЕ ги доделија овогодинешните награди за најбезбедни и најчисти училишта во државата. Две од трите награди им припаднаа на велешки училишта.Второто место на конкурсот го освои ООУ„Васил Главинов“ ,а трети се ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари.Комисијата која била задолжена да ги оценува училиштата проверувала многу критериуми кои овие две институции ги исполнувале речиси во целост.

Повеќе...