Концерт „Музика и филм”

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковски во четвртокот настапи на манифестацијата Велешко културно лето. Концертот оддржа во Младинскиот парк во Велес, а беше насловен како „Музика и филм”. Истиот претставува исклучително возбудлив проект кој вклучува изведба на гудачки квартет и филмска проекција.

Повеќе...

Оштетена е урбаната опрема на Езерото „Младост”

И покрај напорите на Општина Велес да ја разубави околината на Езерото „Младост” со поставување на урбана опрема, за жал, несовесни граѓани неодамна уништиле дел од поставените клупи и летниковциОва е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот несакано стана пракса која наместо да биде минато, се почесто ја гледаме на уредените локации.

Повеќе...

ЗАПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА

Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната 13-та питијада ќе биде најмасовната манифестација што ја организира општината.
Терминот на одржување е од 7, 8 и 9-ти октомври 2016 година. И оваа година на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“. Ова денес на пресконференција го најави градоначалникот Славчо Чадиев.

Повеќе...

Доделени две електромоторни инвалидски колички

Согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита и активностите по ЛАПЛИ (Локален акциски план на лица со инвалидност), а со цел подобрување на квалитетот на живот на лицата со инвалидност, Општина Велес има предвидено финансиски средства за обезбедување на електромоторни инвалидски колички.
Денес од страна на градоначалнико Славчо Чадиев беа доделени финансиски средства во висина од 250.000,00 денари на Здружение на лица со церебрална парализа и Здружение МОБИЛНОСТ кои ќе овозможат да се подобри квалитетот на живот на двајца нивни членови.

Повеќе...

Градежните работи продолжуваат со несмален интезитет

Во текот на денешниот ден започна уредувањето на крак од улицата „Невена Горгиева Дуња”, која се наоѓа во Населба „Тунел”. Должината на улицата изнесува 150 метри, а дополнително на овој потег ќе се направи и паркинг простор со површина од 350 м2.
Станува збор за улица која е многу важна за жителите од овој дел на градот, а која досега беше во лоша состојба.

Повеќе...

Одбележани 65 години од смртта на Панко Брашнаров

Вечерва Општина Велес одбележаа 65 години од смртта на народниот учител, Панко Брашнаров – илинденецот од двата Илиндена, затвореникот од сите режими, непоколебливиот правдољубец и борец за Македонија.
Во негова чест пред споменикот на плоштад „Панко Брашнаров“ се одржа свечена академија „Во спомен на учителот“ по што се поклонија пред неговото дело и оддадоа почит, делегации од Општина Велес, ОО на СЗБ од НОВ, преставници на институциите од градот, здруженија на граѓани и политички партии.

Повеќе...

Одбележани 203 години од раѓањето на Андреа Дамјанов

Денес се одбележа 203 годишнинатa од раѓањето на најголемиот балкански градител Андреја Дамјанов. На вечното почивалиште на градителскиот великан свежо цвеќе положи делегација од Општина Велес, претставници на институции и членови на друштвото на архитекти од Велес.
Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот.

Повеќе...

Прием на Црковниот хор кај градоначалникот на Општина Велес

Денес на прием кај градоначалникот беа преставници од Црковниот хор на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“.
Хорот учествуваше на 20-от по ред интернационален хорски фестивал во Карпениси, Грција. Овој фестивал, кој опфаќа повеќе категории на хорско пеење, 14 години има и натпреварувачки карактер, па така и хор во категорија православна духовна музика, во конкуренција на хорови од Романија, Израел, Кипар и Грција го освои првото место, а истовремено диригентот проф. Славица Ставрева беше прогласена за најдобар диригент на фестивалот.

Повеќе...

Затворен 13-тиот Интернационален фолклорен фестивал

На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа градоначалникот Славчо Чадиев го прогласи за затворен 13-тиот Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2016“. Пред бројната велешка публика на затварањето настапија фолклористите од ФА „Малешевци“ од Бугарија, АНИ „Хојем“ од Турција, ФА „Доина Бараганулуи“ од Романија, КУД „Бабо“ од Грција, РГ „Миетниовјаци“ од Полска и Ансамблот „Керамичар“ од Велес. На фестивалот кој почна на 5-ти овој месец преку игра и песна се испреплетоа боите на Македонија, Мексико, Србија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Црна Гора и Грција.

Повеќе...