Се гради нов паркинг простор позади гимназијата

Градоначалникот Славчо Чадиев во текот на денешниот ден во рамките на својата работна агенда направи увид на локацијата позади Гимназијата „Кочо Рацин”, каде што во текот на оваа недела започнаа градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за 54 возила.

Повеќе...

Во завршна фаза е изградбата на фитнес зоната во Градскиот парк

Изградбата на новата фитнес-зона која се наоѓа во Градскиот парк е во завршна фаза. Наскоро се очекува таа целосно да биде завршена, по што истата ќе биде пуштена во употреба.
Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од она што е направено досега и како тоа изгледа.
Инаку отворениот фитнес центар претсавува еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, но и повозрасни да рекреираат на најсовремена фитнес опрема.

Повеќе...

Велес го празнува Св. Пантелејмон - заштитник на градот

Годинава по седми пат Општината и Повардарската епархија заеднички се поклонуваат пред патронот на градот целебникот св. Пантелејмон.
Пантелејмон заштитникот, целебникот што цели 19 века бдее над овој град ќе остане најцврстата нишка што ќе ги врзува годините, вековите, историјата на Велес со велешани кои од секогаш се поклонувале пред својот заштитник и не случајно токму еден од најубавите храмови изградени во Македонија му го посветиле нему.

Повеќе...

Велес го слави делото на заштитникот Св. Вмч. Пантелејмон

Со Празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата, а во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес.

Повеќе...

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со цел да се даде помош во справување со последиците од невремето кое ја зафати Општина Гази Баба денес, Советот на Општина Велес одржа вонредна седница со една точка на дневен ред - одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес за помош на Општина Гази Баба.

Повеќе...

ОДБЕЛЕЖАН ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН

 

Илинден е белегот што секој Македонец го носи во себе од раѓање. Илинден е симболот за непокорот и вековната борбата што ја води Македонија во целата историска низа од своето 3 милениумско постоење.

Повеќе...

Финале на турнирот во мал фудбал

Во предвечерјето на уште еден Илинден, во чест на големиот празник, се одржа турнир во мал фудбал a финале се одигра оваа вечер во спортскиот терен „Тунел“.

Повеќе...

Уредување на улица во с. Бузалково

Бетонирање на улица во Бузалково

Започна бетонирање на улица во с. Бузалково . Должината на оваа улица е повеке од 400 метри, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.

Повеќе...

Коњаницата на Илинденскиот марш помина низ Велес

коњаница за илинден

Велес е дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 38-ми пат. На својот пат за легендарното Крушево коњаниците се поклонија пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот и заедно со делегација од Општина Велес положија цвеќе.

Повеќе...