Учесниците на фоклорниот фестивал на прием во Општина Велес

На прием кај градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и претседателот на Организациониот одбор на ИФФ Томе Јаневски дојдоа преставници на фолклорните ансамбли од Мексико, Турција, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија за да ги пренесат првичните впечатоци од престојот во Велес и да се заблагодарат на гостопримството, граѓаните и организаторите што токму тие ја имаат привилегијата да бидат учесници на 13-тиот Интернационален фолклорен фестивал во Велес.

Повеќе...

Делегација од Oпштина Бига од Р. Турција во посета на Велес

Во посета на Општина Велес деновиве претстојува делегација од збратимената општина Бига, Република Турција, предводена од градоначалникот Исмаил Ишик и членови на советот.
За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Славчо Чадиев, а потоа беше направена и обиколка и разгледување на градот.
На приемот се разговараше за продлабочување на пријателството и креирање на нови значајни проекти. При посетата беа отворени и повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои може да се промовира искрена и пријателска соработка.

Повеќе...

Преставници на исламска вероисповед на прием кај градоначалникот

Денес градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев организираше прием за претставниците од исламската вероисповед. Покрај членовите на Советот на Општина Велес Бесим Ахмедов, на приемот присуствуваше и муфтијата Адем Чоревски, како и членовите на Џамискиот одбор од Велес, претставници на граѓански организации, месни заедници и спортисти.„Рамазан Бајрам е најголемиот и најзначајниот празник во исламската вера, празник на мирот и меѓусебното разбирање, празник на кој луѓето се свртуваат едни кон други за да си подадат рака и да си помогнат.

Повеќе...

Свечено отворен 13-тиот ИФФ ,,Велес" 2016

Вечерва на амфитеатарот во Младинскиот парк започна 13-тиот Интернационален фоклорен фестивал „Велес” 2016. Традиционално, на свеченото отворање му претходеше дефиле на учесниците низ улиците на Велес преплетувајќи ги боите на Македонија, Мексико, Србија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Црна Гора, Грција. 13-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал го отвори градоначалникот Славчо Чадиев. Присутните во амфитеатарот во Младинскиот парк ги поздрави и Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот.

Повеќе...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА БАЈРАМСКАТА МОЛИТВА ВО ВЕЛЕШКАТА ЏАМИЈА

По повод големиот муслимански празник Рамазан – Бајрам, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев ја посети џамијата во Велес „Фазил Ахмед Паша“, каде на верниците муслимани го честиташе празникот и завршувањето на рамазанските пости.

Повеќе...

Заврши поставување на урбана опрема на Eзерото „Младост”

Во околината на Eзерото „Младост” на изградените пешачки патеки заврши поставувањето на урбана опрема. Активностите беа дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.
Денес во посета на оваа локација беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од она како изгледа сработеното. Во рамките на проектот предвидено беа комплетно уредени 11 локации со летниковци, клупи, маси и друга урбана опрема. Реализацијата на проектот ќе придонесе во заложбите за развој на транзитниот туризам на Eзерото „Младост”, како атрактивна дестинација за туристите и посетителите од земјава и странство.

Повеќе...

Гемијата и учесниците на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија

Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ 2016, предводени од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на 3-ти јули годинава пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекаа градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

Повеќе...

Се осветлува клучката кај Башино село

Овие денови на клучката кај Башино село се вршат интезивни активности за нејзино осветлување, со што значително ќе се подобри безбедноста на сообраќајот на оваа крстосница која е еден од главните влезови во градот. Реализацијата на проектот е во надлежност на ЈП за државни патишта како дел од напорите за осветлување на клучките на државните патишта во Република Македонија, а со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата.

Повеќе...