Вардарскиот плански регион, Источениот плански регион, Универзитетот “Климент Охридски” и Универзитетот “Гоце Делчев”, склучија Меморандум за соработка
Денес во Општина Велес, Советот за развој на Вардарски плански регион претставуван од Претседателот М-р Славчо Чадиев, Советот за развој на Источен плански регион претставуван од Претседателот Г. Ратко Димитровски, Универзитетот “Климент Охридски” претставуван од Ректор Проф. д-р Сашо Коруновски и Универзитетот “Гоце Делчев” претставуван од Проф. д-р Блажо Боев, склучија Меморандум за соработка со цел да дејствуваат координирано за остварување на заеднички договорни цели, стремејќи се да го охрабрат понатамошниот развој на односите помеѓу четирите институции и да ја зајакнат соработката во областите од заеднички интерес.
Нови 1.900 стандардизирани канти за комунален отпад
Денес од страна на Градоначалникот Чадиев и стручните служби беа поделени канти за комунален отпад на граѓаните. Општина Велес за 2016г. набави 1.900 стандардизирани канти за отпад од 120 литри. Од минатата седмица екипите на ЈКП „Дервен“ започнаа со распределба на 1.100 канти за комунален отпад со зелена боја и тоа за жителите и трговските објекти од улиците: Васил Главинов, Гемиџиска, Мицко Козар, Љубен Весов, Кочо Рацин, Васа Кошулчева, Панко Брашнар, АСНОМ, Крсте Мисирков, Тодор Христов Офицерчето, Христо Узунов, Васил Ѓоргов, Кузман Јосифовски Питу и Димитар Влахов.
Се уредува зелената површина кај „Здравствениот дом”
Привршуваат активностите на ЈКП „Дервен” за уредување на зелената површина непосредно до зградата на „Здравствениот дом”. За таа цел неодамна беа засадени 10 листопадни дрвја и 27 зимзелени дрвја. Во тек е сеењето на тревата и садењето на ниски грмушки, за да во следниот период биде насаден и цветен расад.
На целата површина е веќе поставен и систем за наводнување и жардиниери за уредување на косините. Инаку активностите за уредување на оваа локација беа предвидени во Програмата за подигнување на нови зелени површини за 2016 година која е усвоена на седница на Советот на Општина Велес.
Поставени се термо-изолационите фасади во ОЈУДГ „Димче Мирчев“
Денес во детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во присуство на Евро Амбасадорот Самуел Жбогар со пригодна програма беше означен крајот на градежните работи во пет од шестте клона на детската градинка.
Проектот кој се однесуваше на инсталација на термо-изолациона фасада на пет од шестте клона на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“ беше финансиран од Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма помеѓу Република Македонија и Република Грција.
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
„ Паметното движење – силна економија“ е пораката на годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини. Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот.
Kлубот во мал фудбал „Велес” подготвен за новата сезона
Започнува второто коло од натпреварувачката сезона во мал фудбал. Велешкиот клуб кој е со ново раководство е подготвен за натпреварите. Првиот противник е екипата на Чико, со кого во Сабота ќе бидат одмерени силите на терен.
Зад управниот одбор и финансирањето на клубот од ова лето застана Васко Скендеровски со својот менаџерски тим. Тренер на клубот е поранешниот тренер на Железарец, Иван Божовиќ.
Започна проектот за реконструкција на водоводни линии
Проектот кој предвидува реконструкција на водоводните линии низ повеќе улици од градот започна да се реализира. Градежни работи денес се одвиваа на улицата „Рилски Конгрес” (поранешна „Игманска”) каде должината на водоводната линија која ќе се замени е во должина од 995 метри. Следни за работа ќе бидат улиците „Гемиџиска”, „Партение Зографски”, „Киро Ќучук”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов” и „Благој Ѓорев”. Вкупната должина на целата мрежа изнесува 2.855 метри. Целиот проект е во вредост од 9.454.161 денари, средства обезбедени преку Европската инвестициона банка.
Tеатарската претстава „Прекината одисеја“
Почитувани,
Ве известуваме дека во среда, на 21 септември, на големата сцена на Театар „Џинот“ Велес со почеток во 20 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Прекината одисеја“, копродукциски проект на Македонскиот Народен Театар и Театарот „Хелена Моджејевска“ од Полска, под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.
СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ИФАД „СТОБИ 2016"
Во Народниот театар „ЈХК Џинот“ започна 15-тото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма.
Во името на ЗГ „Стоби“, многубројната публика ја поздрави директорот на фестивалот Зоран Љутков кој упати благодарност до сите институции, организации и компании кои и годинава го поддржаа ИФАД „Стоби“.
На самиот почеток градоначалникот Славчо Чадиев упати посебен поздрав до креаторите на ова 15-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
ПИТИЈАДА 2016
Питијадата како културна манифестација oваа година се одржува по 13-ти пат. Терминот на одржување е 7, 8 и 9-ти октомври 2016 година. И оваа година на истата локација на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“.
Од страна на градоначалникот Славчо Чадиев денес, на прес-конференција беа соопштени сите детали околу организацијата на претстојната манифестација како и богатата музичка програма за овој настан.