РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (02-08.07.2016 година)

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (02-08.07.2016 година)
Напомена:
-Граѓаните кои веќе имаат резервиран термин истиот можат да го проверат на телефонскиот број 070/491-040.
-Сите заинтересирани кои сакаат да искористат некои од слободните термини во распоредот за оваа недела потребно е претходно да се пријават кај одговорното лице на тениските терени.
-Граѓаните кои ќе ги користат тениските терени со себе треба да носат соодветна опрема, обувки за да не се уништува теренот и документ за лична идентификација.
-Следниот распоред ќе биде објавен на ден 08.07.2016 година (петок).
Со почит!
Општина Велес

Mинистерката за МИОА во посета на Општина Велес

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со раководителите од општинската администрација и директорите на институциите чиј основач е општината, денес имаше работна средба со министерката за Информатичко опоштество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
Целта на посетата беше разгледувањето на сите аспекти од примената на новиот Закон за општа и управна постапка. Министерката Арсовска Томовска рече дека посетите на единиците на локалната самоуправа е да се види подготвеноста во надминување на одредени недостатоци пред отпочнувањето на примената на законот од први август.

Повеќе...

Се асфалтира улицата „Роса Плавева”

Градежни работи во Велес продолжуваат со несмален интензитет. Во текот на денешниот ден се врши асфалтирање на улицата „Роса Плавева”, која се наоѓа Населбата „Тунел”, над детската градинка.
Станува збор за улица која е многу важна за жителите од овој дел на градот, а која досега беше во лоша состојба. Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од текот на активностите и начинот на кој се излегува во пресрет на потребите на граѓаните.

Повеќе...

Бетонирана улица во с. Оризари

Заврши бетонирањето на улица „Бајрам Хасанович“ во с. Оризари. После реконструкцијата на канализациона мрежа на оваа улица, заврши и бетонирање на истата. Должината на оваа улица е повеке од 300 метри, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.

Повеќе...

Гемиџиите по 18-ти пат запловија по Вардар

Учесниците на 18-та „Вардарска регата Гемиџии“ утрово тргнаа кон Гевгелија. Пред тоа сите учесници и присутни делегации оддадоа почит со положување на цвеке на Гемиџиите пред нивниот споменик на брегот на Вардар. На манифестацијата присуствуваа претставници од АРМ и СВР-Велес и од повеќе велешки организации.
Општина Велес на оваа манифестација гледа со посебен респект затоа што го обединува целиот град. Спортистите, здруженијата на граѓани, стопанските субјекти, културните работници и ентузијастите.

Повеќе...

Гемијата – Велешката легенда

Во очи на поаѓањето на Вардарската регата „Гемиџии“, пред споменикот на Гемиџиите, вечерва се одржа манифестација во која преку повеќе интересни содржини присутните гости беа пренесени во времето на славните велешки великани, во чија чест се одржува регатата. Како што гемиџиите ја пуштале гемијата на отворено море, на пат кон неизвесност, во име на светлите традиции и пренесувањето на вистината, оваа вечер велешани ги водеше песната, играта и драмскиот текст.

Повеќе...

Одбележана 15 годишнината од смртта на Оливер Китановски

Денес на спомен-обележјето и вечното почивалиште во Башино Село се одбележаа 15 години од смртта на бранителот Оливер Китановски. Почит на прерано загинатиот бранител Оливер Китановски му изрази делегација од Општина Велес, претставници на МВР, членовите на семејството, неговите колеги од специјалната едница „Тигар“ како и останати здруженија на бранители од конфликтот во 2001 година. 21 годишниот Олиер Китановски на 29 јуни 2001 година, по петдневна борба за живот им подлегна на раните здобиени од терористички истрел на 23 јуни во борбите кај Арачиново недалеку од Скопје.

Повеќе...

Уредување на улица во с. Оризари

Градоначалникот Славчо Чадиев во текот на денешниот ден изврши увид на улицата во с. Оризари каде се одвиваат интензивни градежни активности за нејзино уредување.
После реконструкцијата на канализациона мрежа на оваа улица, денес започна и бетонирање на истата. Должината на оваа улица е повеке од 300 метри, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.

Повеќе...

ПРВАТА ФИТНЕС ЗОНА СЕ ГРАДИ ВО ВЕЛЕС

Денес во Велес започна да се гради новата фитнес-зона која ќе се наоѓа во Градскиот парк, а е прва од предвидените 20 низ целата држава, кои претходно ги најави Владата на Република Македонија. По тој повод утрово директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев направија увид во активностите за изградба на зоната.
Инаку отворениот фитнес центар ќе претсавува еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, но и повозрасни да рекреираат на најсовремена фитнес опрема. Истата ќе простира на површина од 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а ќе се постават и клупи и корпи за отпадоци, како и информативна табла за користење на реквизитите.

Повеќе...