НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Република Македонија е во географскиот регион во кој е присутнa трговијата со луѓе, и е идентификувана како земја на транзит и крајна дестинација. Во обидите за градење единствен пристап на земјите од Југоисточна Европа за афирмирање на човековите права, но и за борба против транснационалниот организиран криминал, Република Македонија ги прифати сите релевантни документи на Обединетите
Нации и Европската Унија.
Уредена улица во Башино село

Денес од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше извршен увид на завршените градежни активности за уредување на улица во Башино село.
Започна подготовката за рестартирање на фабриката „Еуро Брик“

Денес, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со новите сопственици на фабриката „Киро Ќучук“, македонско-турскатата компанија „Еуро брик“ извршија увид во работните активности за отпочнување на фабриката.
Официјално пуштен во употреба лифт во ООУ Васил Главинов

Денес со неколку настани се обележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Најголемиот акцент беше на настанот со високи човечки вредности, пуштањето во употреба на првиот лифт во ООУ „Васил Главинов“ кој воедно е прв во градот, регионот и пошироко. Ова е лифт кој беше дел од ветувањата на градоначалникот се со цел да се помогне на лицата со посебни образовни потреби, а секако и на нивните родители.
„Ден на дрвото - засади ја својата иднина“

Oколината на комуналната депонија беше локацијата каде во рамките на 16-тата по ред Национална акција „Ден на дрвото 2015” се засадија околу 80.000 листопадни садници на површина од 20 хектари. Река од ученици и нивните наставници, вработени во администрацијата, јавните претпријатија, припадници на АРМ, вработени од ЈКП „Дервен" и граѓани на Велес активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото" за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.
Француска вечер во Велес
Општина Велес беше домаќин на Француска вечер- билатерален културен настан за промоција на францускиот јазик и култура. Во улога на домаќин, м-р Славчо Чадиев Градоначалник на Општина Велес, на француската амбасадорка Лоранс Оер и ја претстави макетата на замокот Равале од Шербур во Младинскиот парк како и изложбата посветена на сакралната архитектура во Велес и Велешко отворена во ликовниот салон.
Нова вежбалница во дворот на ООУ „Васил Главинов”

Во дворот на ООУ „Васил Главинов” се поставува нова вежбалница. Со нејзината изградба, ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе од овој дел на градот кои токму овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време.
Трибина „да се информираме за ХИВ инфекцијата“

Во организација на Советот за јавно здравје при Општина Велес, а по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, во големата сала во Општина Велес со почеток во 12:00 часот се одржа трибина на тема „Сведи на нула – информирај се, тестирај се и не дискриминирај“.
Мост во збратимениот Самобор го носи името на Велес

Викендов во збратимениот град Самобор од Република Хрватска свечено беше откриена натписната плоча на мостот кој го носи името на Велес. Плочата заеднички ја открија градоначалникот на Самобор Крешо Бељак и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Ќе се реконструира фасадата на ССОУ „Коле Неделковски“

Центарот за развој на Вардарски плански регион потпиша нови договори со Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој за два нови проекти, и тоа за проектот “Уредување на Спомен Костурница во Општина Неготино” и за проектот “Реконструкција на фасадa во ССОУ “Коле Неделковски” - Велес”.