Пуштен во употреба водоснабдителен систем во с. Црквино
Денешната посета на Велес од страна на премиерот Никола Груевски беше искористена и за пуштање во употреба на изградениот водоснабдителен систем во населеното место Црквино.
Нов модерен воз пуштен во сообраќај
Македонија добива најмодерни возови. Денес беше пуштен во сообраќај првиот нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од Кина.
Предаден во употреба двојниот тениски терен во Градскиот парк
Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска го пуштија во употреба двојниот тениски терен кој се наоѓа во Градскиот парк во Велес
Караслари доби повеќенаменско спортско игралиште
Премиерот Никола Груевски, директорот на АМС Марјан Спасески, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска го пуштија во употреба повеќенаменското спортско игралиште во селото Караслари. Ова е 53. повеќенаменско спортско игралиште дел од проектот на Владата, а реализиран преку АМС за изградба на 100 вакви игралишта низ целата држава.
Средба со жителите на с. Горно Оризари
Градоначалникот Славчо Чадиев вечерва го посети населеното место Горно Оризари и оствари средба со жителите и раководството на оваа Месна заедница. Цел на посетата беше предвидената изградба на канализациона мрежа за што се планирани средства во Буџетот на Локалната самоуправа за 2016 година.
Инвестициите на депонијата продолжуваат
Изминатиот период се изврши комплетно оградување на депонијата и поставување на систем за перење на возилата кои го транспортираат и одложуваат отпадот.
Нови тоалети во СОУ „Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“
Се реконструираат санитарните чворови во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“. Во наредниот период се очекува да заврши реконструкцијата и во другите два спрата од оваа зграда. Со што комплетно ке бидат реновирани сите тоалети.
Oтворена изложбата од 11-тата колонија „Папрадишки мајстори
Најголемиот празник на Општина Велес, 9-ти ноември беше одбележан со отворање на изложбата од 11-тата по ред Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. Ликовниот салон беше местото каде сите љубители на уметноста имаа можност за првпат да ги видат делата на учесниците на колонијата.
Доделени 9-ти ноемвриските награди и признанија
Велес како урбано јадро на овие балкански простори егзистира од 123-тата година пред нашата или цели 2138 години. Сублиматот на сите револуции во оваа милениумска угорна патека на развојот на Велес е 9-ти ноември 1944 година. Овој светол историски настан вечерва Советот на Општина Велес го одбележа со свечена седница која се одржа во Народниот театар „ЈХК Џинот”.