Во чест на 9-ти ноември денес беа собрани 89 крвни единици

Денес во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев” се одржа крводарителска акција во организација на Општина Велес и Мото клубот „Носачи на крстот” а во соработка со Црвениот крст од Велес. Повод за оваа акција беше, празникот 9-ти ноевмри, Денот на ослободувањето на Велес. Организациски акцијата помина беспрекорно, за што зборува и бројката од 89 собрани крвни единици.

Повеќе...

Јавнa расправa по нацрт-документите на општината за 2016 година.

Вчера во просториите на Општина Велес се одржа јавна расправа по нацрт-документите на општината за 2016-та година.
Јавната расправа првично беше разгледана со преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации невладини организации, културно уметнички друштва и спортски клубови.

Повеќе...

Прием кај Градоначалникот на член на спортскиот клуб „КАРШИЈАКА СПОР“

Денес градоначалникот м-р Славчо Чадиев оствари средба со Јонус Ј'лкер членот од спортскиот клуб „КАРШИЈАКА СПОР“ на збратимениот град Каршијака, Р. Турција. За време на средбата се разговараше за добрите воспоставени релации и соработка меѓу двете општини.

Повеќе...

ЛЕГЕНДАРНАТА МИЛИЦА СТОЈАНОВА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКO” ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Комисијата за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ одлучи годинава престижната награда да и ја додели на актерката Милица Стојанова. Одлуката во име на комисијата, на прес конференција ја соопшти Сашо Димоски.

Повеќе...

Одржана конференција за одржлива енергетска тематска мрежа

Во рамките на проектот „Енерџинет“ финансиран од Европската Унија во рамки на IPA-CBC програмата, денес во Велес се одржа вториот ден од конференцијата за одржлива енергетска тематска мрежа на прекуграничните власти. На конференцијата учествуваа партнерите кои го спроведуваат проектот од Република Македонија и Република Грција, Општините Велес и Прилеп од македонска и Визалтиа, Флорина и Ираклиа од грчка страна.

Повеќе...

Чествување на 75 години од смртта на Димитрија Чуповски

Денес се навршија 75 години од смртта на Димитрија Чуповски, еден од најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла.
По тој повод на Градските гробишта „Бутел” во Скопје беше посетено вечното почивалиште на овој македонски великан, а свештеници од Повардарската епархија отслужија опело за покој на душата. Почиит оддадоа делегација на Општиона Велес, средното стручно училиште кое го носи името на Чуповски, членови на семејството како и граѓани oд Велес.

Повеќе...

Реконструирани соблекувалните на градскиот стадион

Денес, Градоначалникот Славчо Чадиев, заедно со престедателот на ОФС Велес, Лазе Ракиџиев и директорот на ЈП „Парк Спорт“ Александар Табаков извршија увид на реновираните соблекувални на градскиот стадион. Соблекувалните кои се поделени за домаќините во долниот дел и гостите во горниот дел се изработени по стандарди. Самата изработка и површина на овие соблекувални задоволуваат со стандардите за играње и на прволигашките фудбалски натпревари.

Повеќе...

Европски искуства за подобра администрација

Општинската администрација преку европски искуства ќе го подобрува работењето. Програмата за развој на Oбединетите нации организираше обука за службениците во локалната самоуправа. Експерти од Велика Британија одржаа предавање како да се подобрат услугите кои ги нуди општината.
-„Задоволство ни е што денеска организираме работилница со врвни акглиски експерти за јакнење на иновациите, односно обезбедување на иновации во работењето на општините. Дел од задачата на ова работилница е да им се олесни работењето на општините, ниe и граѓаните да учествуваат во тоа олеснување.“ - рече Александро Фракасети, постојан претставник на УНДП во Македонија.

Повеќе...

Одбележан Денот на македонската ревоулционерна бoрба

Општина Велес во континуитет веќе шест година на вистински начин се навраќа на големиот ден од македонската историја 23-ти Октомври 1983 година со цел да ја истакне суштина и значењето но и да ја открие историската вистина за самосвеста на македонскиот народ.

Повеќе...