Кружниот тек се подготвува за асфалтирање
Овој период на локацијата предвидена за нов кружен тек кај местото „Авона” се одвиваат завршните градежни активности за негова изградба. Со пуштањето во употреба, планирано за следната недела, оваа клучка ќе биде една од најбезбедните за учесниците во сообраќајот.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКОТ ПРЕД ГИМНАЗИЈАТА „КОЧО РАЦИН”
Зелената паркова површина пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин” се реконструира. Екипи на ЈКП „Дервен” интензивно работат на негово уредување. Наскоро граѓаните ќе добијат уште едно ново пријатно место каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Реконструкцијата предвидува оформување на нови патеки, целосно осветлување, поставување на урбана опрема, клупи, летниковци, канделабри и корпи за отпадоци.
Велес и годинава е дел од акцијата „Македонија без отпад 2015”
Општина Велес денес беше дел од националната акција „Македонија без отпад 2015”, чии организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата “Ајде Македонија”. Акцијата се реализираше со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места и да се зголеми свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.
Средба со Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
Денес во посета на Велес беше Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Во рамки на посетата тој најпрво оствари средба со градоначалникот Славчо Чадиев а потоа направи увид и на Градскиот пазар. Од тезга на тезга, даваше сугестии и објаснувања за безбедноста на производите, а од продавачите на пазарот доби мислења и предлози за подобрување на работењето.
-„Храната на пазарот треба да биде безбедна, затоа треба да се видат условите во кои таа се продава и нормално ние како агенција да сугерираме доколку забележиме одредени неправилности. Тоа е и целта бидејки сите знаеме дека во пазарните денови од тука најмногу се купува и најмногу се консумира храната па мораме ние како агенција да бидеме сигурни за да бидат и потрошувачите сигурни.“ - рече директорот Поповски.
Неделата на детето
По повод Неделата на детето што се одржува секоја година во првата недела од октомври, Општина Велес традиционално организира театарска претстава за сите првачиња.
KОНКУРС за доделување на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“
KОНКУРС
за доделување на Актерска награда
за животно дело „Петре Прличко“
ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
Потпишан е првиот ИПА проект за прекугранична соработка-ЕНЕРЏИНЕТ
Вчера во просториите на Општина Флорина се одржа првиот координативен состанок во рамките на проектот ЕНЕРЏИНЕТ финансиран од Европската Унија. На состанокот присуствуваа претставници на сите општини кои се вклучени во проектот и на истиот се потпиша договорот за партнерство со што се означи стартот на проектот. Градоначалникот Чадиев на лице место се запозна со деталите од проектот и од страна на грчките партнери кои задоволни од досегашната соработка најавуваат успешни резултати од имплементацијата.
МУРАЛИ НА ЈАВНИТЕ ПРОСТОРИИ
Со цртање мурали во Младинскиoт парк и во близина на Мало мовче, викендов се реализираше акцијата „Млади, мурали и јавни простори“. Акцијата е дел од проектот на УСАИД за граѓанско општество, а се реализираше во соработка со Младинскиот образовен форум и неколку граѓански здруженија од Велес. Проектот „Мурали Велес”, директно е инспириран од уличната уметност и нејзините идеи за ”субверзивност” и разубавување на јавниот простор.
Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците
И оваа година Горно Оризари беше центарот на Бошњаците од Македонија за да ги обележат 38-мите Средби на Бошњаците. Уште еднаш се докажа дека традицијата и обичаите на еден народ можат да се сочуваат и да се почитуваат таму каде што живее дел од него без оглед на тоа колку е далеку неговата матична татковина. Корените, мелосот, обичаите и традицијата се вистинскиот начин да се пренесе и да се остави традицијата на идните поколенија.