ПРИМЕНА НА АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО РЕДОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Денес во просториите на Општина Велес се одржа регионална тркалезна маса за Примената на асистивната технологија во редовното и средното образование. На настанот кој е во организација на Здружението „Отворете ги прозорците” беа презентирани искуствата и практиките од примената на асистивната технологија во осум основни и едно средно училиште од регионот.
Одржан првиот испит за сертификат за автотакси возач
На ден 27.10.2014 во просториите на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес се одржа првото полагање за добивање сертификат за автотакси возач во Општина Велес. Соглaсно Законот за превоз во патниот сообраќај, секој возач кој управува со такси возилол односно врши автотакси превоз треба да поседува сертификат за автотакси возач. За исполнување на оваа законска обврска Општина Велес, формираше комисија за спроведување на испитот и истовремено овласти 2 правни лица за спроведување обука. По добивањето на овластувањето се пријавија 43 заинтересирани кандидати за посетување на обуката. Во законскиот рок, 2 дена пред одржувањето на испитот, се пријавија 42 кандидати и сите го положија испитот. На кандидатите кои го положија испитот, комисијата ќе издаде уверение врз основа на кое Градоначалникот во рок од 30 дена ќе им издаде Сертификат за автотакси возач.
СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
На денешната седница членовите на Штабот ја разгледаа Предлог-програмата за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година, која ќе биде предмет на расправа пред советниците на 26-тата седница на Советот, закажана за 30-ти овој месец.
Средби со граѓани во Чолошево, Дурутовец и Раштани
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, во рамките на посетите на населените места, денес ги посети и оствари средба со граѓаните на МЗ „Чолошево”, УЗ „Дурутовец” и МЗ „Раштани”. На средбите жителите се запознаа со тековните активности кои што се случуваат во општината овој период, а притоа ги изнесоа приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневното живеење. Овој начин на непосредна комуникација е од особено значење за граѓаните и локалната самопурава, бидејќи се создаваат повеќе можности за реализацијата на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење.
Посета на МЗ „Кумарино”, „Сујаклари” и „Отовица”
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев во текот денешниот ден ги посети Месните заедници „Кумарино”, „Сујаклари” и „Отовица”. Целта на средбите е жителите од овие месни заедници да се запознаат со тековните работи што се случуваат во општината, да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со плановите кои локалната самоуправа во иднина има намера да ги реализира. Ваквите посети на градоначалникот на месните заедници се особено значајни за непосредната комуникација граѓаните и општината. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење.
Нека е честит 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба
Почитувани сограѓани,
Дозволете ми од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Општина Велес да Ви го честитам денешниот јубилеј што го бележи македонската историја – 121 година од Денот кога Мекедонците пристапија на организирање револуционерно движење што ќе ги поведе во борба за слобода, борба за Македонија.
Општина Велес од секогаш била и ќе остане достоен следбеник на големите Македонци. Гордо, со достоинство и љубов ќе ја раскажува историската приказна што веќе е легенда за своите синови. Уште повеќе што најголемото јадро на хероите потекнува од тука – од Велес и велешко.
Наша најголема задача е нашите наследници да ја знаат историјата на својот народ. Доволно е секој во семејството да ја раскаже приказната на неговиот дедо и прадедо, на соседите и пријателите. А гордоста и достоинството секој Македонец ги носи во својот генетски код.
Нека им е вечна славата и споменот на Петар Поп Арсов, Алабакот, Докурчев, Офицерчето и нивните чети. Бог да ги прости Миле Поп-Јорданов и Гемиџиите!
Нека е честит 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
Да живее споменот за хероите,
Да живее Велес,
Да живее Македонија!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес
Одбележан Денот на македонската ревоулционерна бoрба
Општина Велес во континуитет веќе шест година на вистински начин се навраќа на големиот ден од македонската историја 23-ти Октомври 1983 година со цел да ја истакне суштина и значењето но и да ја открие историската вистина за самосвеста на македонскиот народ. Во тој правец, денес со свечена академија во салата „Бели Мугри”, беше одбележан утрешниот голем празник кога се прославува Денот на македонската револуционерна борба.
Во Велес е отворен Фестивалот на новиот германски филм
Вчеравечер во Велес беше отоворен Фестивалот на новиот германски филм кој Германската амбасада во Скопје и одделот за култура во Амбасадата веќе десетта година по ред организираат во повеќе градови во Македонија. Фестивалот за отворен го прогласи господин Ханс Хелге Зандер, Заменик амбасадор и раководител на одделот за економија на Германската амбасада и г-ѓа Марина Серафимовска, локален соработник на Амбасадата во истиот оддел.
Изложба „Балканските војни во Македонија 1912-1913”
Денес во Велес во рамките на одбележувањето на 23-ти Октовмри, Денот на Македонската револуционерна борба, беше отворена изложбата „Балканските војни во Македонија 1912-1913“.
Поделени првите бесплатни канти за отпадоци
Општина Велес и оваа година се вклучи во одбележување на националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини наречена „Македонија без отпад 2014”. Викендот се работеше на два пунктови: генерално чистење на населбата Караслари и поделба на бесплатни канти за отпадоци за граѓаните.
Денес, екипи на Општина Велес и ЈКП „Дервен” заедно со Градоначалникот Славчо Чадиев ја продолжија акцијата во која на 230 велешки семејства се изврши дистрибуцијата на стандардизирани канти за комунален отпад.