Термоизолациони фасади во градинката „Димче Мирчев“
Со поддршка на Европската Унија Општина Велес започнa со реализација на најзначајната активност од проектот „Енерџинет“ ,изградбата на термоизолациони фасади во 5 објекти од градинката „Димче Мирчев“.
Како што изјави градоначалникот м-р Славчо Чадиев, вкупната висина на оваа инвестиција е 66.000 евра и ќе ги опфати клоновите 2,3,4,5 и 6.
„ Во рамките на проектот „Енерџинет“ деновиве работиме и на постапка за изработка на елаборат и за клонот 1 лоциран во населбата „Дворови“ каде исто така планираме да поставиме термоизолациона фасада и да ги заокружиме сите 6 објекти на градинката“, рече Градоначалникот.
Здружението за борба против рак „БОРКА“ изврши бесплатни ЕХО прегледи
Денес здружението за борба против рак „БОРКА“ изврши бесплатни ЕХО прегледи по повод одбележување на Интернационалната недела за подигање на свеста за тироидната жлезда.
Бетонирање на ул. „Наце Димов“
Денес Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски остварија средба со жителите од ул „Наце Димов“.
После рекунструираната канализацинота и водовдна линија на улица, денес започна и со бетонирање на истата. По барање на жителите ќе се санираат и дел од краците на оваа улицата со цел да се овозможи подобара пристапност.
Одбележан Денот на просветителите
Со свечена академија што се одржа оваа вечер во Народниот театар „ ЈХК-Џинот“ , Општина Велес го одбележа националниот празник 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. На академијата присутните ги поздрави Градоначалникот м-р Славчо Чадиев кој го нагласи значењето и придонесот на оваа благородна професија за сегашните и идните генерации на Велес како и желбата за знаење, учење и создавање што не одликува и разликува.На Академијата Градоначалникот Чадиев ги додели признанијата за најуспешните наставници во 2016-та година.
Меморијален турнир „Зоран Паунов-Паунот“
Денес на Градскиот стадион во Велес се одржа 7-ми по ред Меморијален турнир во чест на легендарниот велешки голман Зоран Паунов-Паунот, под покровителство на Општина Велес.
Осветување на храмот „Свети Козма и Дамјан“
Во Велес денес беше осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, храмот „Св. Козма и Дамјан“, кој се наоѓа во кругот на Општата болница.Чинот на осветување на болничкиот новоизграден храм го изврши, митрополитот Повардарски г. Агатангел, а потоа заедно со свештеници на епархијата ја отслужи и првата литургија во оваа црква.
„Стоп на рамнодушноста – да ја поттикнеме хуманоста“.
Денес во Општина Велес се оддржа првата работилница под наслов „Стоп на рамнодушноста – да ја поттикнеме хуманоста“, што ја реализира Црвениот крст на Р. Македонија со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Кајакарот Љубомир Спасиќ постигна голем успех на Европскиот куп
Денес во Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со кајакарот Љубомир Спасиќ кој оствари голем успех во германскиот град Аугсбург, каде во финалето на Европскиот куп го освои четвртото место во дисциплината К1. На средбата спортистот Спасиќ ги сподели доживувањата а исто така искажаа голема благодарност кон градоначалникот и општината за досегашната поддршка која се дава на кајакот како спорт.
Градежни активности на улица „Павел Шатев”
На улицата „Павел Шатев” која се наоѓа во УЗ „Керамидна” во тек се градежни активности за поставување на канализациона мрежа, а потоа ќе следи и асфалтирање на улицата.
Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој ја потенцираше реалната потреба за уредување на инфраструктурата во овој дел од градот, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите.
Велес со Сања Бачманова на „Републичка Вешта жена“
По општинските натпревари, на 12 и 13 мај во Манастирскиот комплекс во Лешок, по 25-ти јубилеен пат се одржа традиционалната манифестација од мултиетнички карактер „Републичка Вешта жена“.
Оваа година учествуваа сите победнички од 20 града од Македонија, а седум од нив се натпреваруваа за наградата Гранд при.