Заврши проектот „Етно-работилници 2016“

Денес свечено беше затворен проектот „Етно работилници“ што Општина Велес го реализираше во соработка со ЗГ „Разбој“ и советот на Млади на Општина Велес.
На свеченоста што се одржа во Куќата на Касапови на учесниците и менторите градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев им доделени дипломи за успешна реализација на проектот. Во рамките на проектот во текот на 7 работни дена, во куќата на Рацин, Џинот, Главинов и Касапови се одржаа 5 работилници: грнчарска, столарска, ткајачка и работилниците за копаничарство и изработка на накит.

Повеќе...

Санирање на оштетувањата на улиците во градот

Општина Велес овие денови спроведува акција за крпење на ударните дупки на градските сообраќајници.
Ќе бидат закрпени со асфалтна маса сите улици кои се од витална важност за нормално одвивање на сообраќајот, а исто така ќе бидат санирани и поголеми оштетувања на улиците.
По завршувањето, ќе следи и обележување на хоризонталната сигнализација. Средствата за градежните работи се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.

Повеќе...

Премиерот Димитриев на Ифтар вечера во Велес

Како дел од активностите во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам во Велес денеска се одржа традиционалната Ифтар вечера на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев. Тој ја искористи приликата да им го честита празникот на присутните верници, посакувајќи им убави празнични денови, среќа и спокој во семејствата.
-„Почитувани присутни убава прилика е оваа вечер човек да биде до Вас да ви го честитам светиот месец Рамазан и ви посакам среќни пости. Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме. Како верник немам проблем да живеам со вистински верници до различни вероисповеди.

Повеќе...

Учениците од „Коле Неделковски” на пракса во „БРАКO”

Велешката компанија „БРАКО” ова лето ќе оствари соработка со ССОУ „Коле Неделковски” од Велес. Проектот за практична настава предвидува триесет ученици да посетуваат пракса во компанијата, а најдобрите од нив да бидат вработени.
Договорот за соработка го потпишаa проф. д-р Кочо Анѓушев, Претседател на Бордот на директори на БРАКО Велес и Боро Ристовски, директорот на ССОУ Коле Неделковски – Велес. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази задоволство од реализацијата на овој проект.

Повеќе...

Одбојкарскиот клуб „Борец” станува бренд на Велес

Заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во спортот се потврдуваат на дело.
Покрај создавањето на Градски ракометен клуб, се офорува и одбојкарски клуб кој ќе го претставува Велес на сите натпреварувања.
По тој повод денес во Општина Велес се оствари средба помеѓу градоначалникот Славчо Чадиев и претставници стручниот персонал на клубот. Од страна на градоначалникот Чадиев беше напоменато дека целта е прво да се застане на здрави нозе, а потоа клубот да ги досигне и освои повисоките места од табелата.

Повеќе...

Завршна придердба за дечињата од велешките градинки

Вечерва, во дворот на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ се одржа традиционалната грандиозна завршна приредба на децата од големите групи при велешките градинки под наслов „Златни сни“. Со оваа приредба децата од големите групи свечено се испраќаат во прво одделение во основните училишта. На свечената манифестација присустуваше и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и Претседателот на Советот Александар Колев.

Повеќе...

Етно-работилници за изучување на тајните на старите занаети

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денес ги посети куќите на уметноста каде започнаа годинашните Етно-работилници во кои се учат неколку стари и традицонални занаети. Новина од оваа година е што ќе се изучува и копаничарството. Оваа работилница заедно со работилниците за изучување на грнчарскиот столарскиот, ткајачкиот занает и занаетот за изработка на накит ќе бидат застапени при реализацијата на проектот. Вредните раце на велешките ученици, поделени во повеќе групи ќе ги запознаваат тајните на овие занаети во куќата на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот.

Повеќе...

Завршната манифестација од проектот „ЕНЕРЏИНЕТ”

ОЈУДГ „Димче Мирчев” од Велес има најефикасна заштата од сите локални институции. Привршуваат работите околу поставувањето на термофасадите на 5-те објекти од градинката. Проектот кој се реализира и финансира со европски средства се одвива според планираната динамика и интензитет. Покрај Велес, вклучени се и Општина Прилеп од Македонија и три општини од соседна Грција.

Повеќе...