Експресниот пат Велес-Кадрифаково готов до септември
Финишира изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково. Патот во должина од 26 километри комплетно ке биде завршен до септември. Ова го најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешниот увид во изградба на овој патен правец кој е од огромно значење за сите граѓани.
Подготовка за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”
Во текот на денешниот ден се изведуваат градежни активности за подготовка на теренот за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”, која се наоѓа во близина на централната детска градинка. Станува збор за сообраќајница која е многу важна за градот и која беше во лоша состојба.
Пролет во паркот пред училиштето „Васил Главинов”
И оваа пролет паркот пред основното училиште „Васил Главинов” е едно од најпријатните места за одмор и релаксација во градот. За тоа говори посетеноста на паркот, која е огромна во секој период од денот.
Паркот располага со зелена површина од околу 5.000 м2, во чии рамки е изградена прекрасна фонтана, летниковци, патеки и други интересни содржини.
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на сите медицински сестри им го честита празникот
Денес е светски ден на медицински сестри, акушерки и техничари, луѓето кои огромен дел од својот живот им посветуваат на пациентите.
12 Мај е денот кога е родена Флоренс Најтингел или позната како Дамата со фенерот - една од најзаслужните за намалување на смртноста на војниците во Кримската војна.
Саем за бизнис и претприемништво
По 8-ми пат се одржа Саемот за бизнис и претприемништво при ССОУ „Јовче Тесличков“ на која учествуваа повеќе виртуелни компании.
Иако поводот за денешната средба беа виртуелните компании претставени на Саемот за бизнис и претприемништво, се нагласи и успехот на учениците во сите области, а со тоа и сестраноста и хармонијата што владее во оваа образовна институција и пред се можноста талентите да се издвојат и им се даде прилика да напредуваат во областите што им лежат.
Заврши бетонирањето на крак од улицата „Орце Шутев“
После замена на водовдната мрежа на ул „Орце Шутев“ следеше и бетонирање на улицата, со што се подобри и пристапноста на оваа улица.
Заврши бетонирањето на ул „Јовче Ќучук“
После замена на водовдната мрежа на ул „Јовче Ќучук“ следеше и бетонирање на улицата и краците, со што се подобри и пристапноста на оваа улица.
Завршија трибините за „Сексуално преносливи инфекции“ во средните училишта
Во согласност со програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2016 година, Општина Велес во соработка со Центарот за јавно здравје, реализираше трибини за „Сексуално преносливи инфекции“. Приоритетот на темата е утврден од Советот за јавно здравје на Општина Велес.
Велес го одбележа Денот на победа над фашизмот
Со положување цвеќе на Спомен костурницата се обележаа 71 година од победата над фашизмот.
Делегација на Општина Велес, на ОО на ЗБМ од НОВ -Велес, АРМ, како и делегации од институции, установи, јавни претпријатија, здржуенија на граѓани и политички партии денес се поклонија на Спомен – костурницата во знак на почит кон жртвите на фашизмот.
Крапски куп на Република Македонија „Гемиџии 2016“
Измитатите три дена на велешкото Езеро Младост се одвиваше натпреварување во фаќање крап. Овој куп е прв од ваков вид на велешкото езеро, на неодамна изградените крапки боксови долж брегот на езерото.