113 години од акциите на Гемиџиите

Општина Велес достојно, онака како што им прилега на најголемите македонски синови, ја обележа 113 годишнината од Солунските атентати, обмислени и извршени од Гемиџиите во периодот од 28 - 30 април 1903-тата во Солун.
12-мината млади револуционери водени со идејата дека индивидуалните акции ќе вродат со плод во намерата да се допре до свеста на Европа. Чинот на Гемиџиите наиде на силен оддек во европската и светската јавност. Гемиџиите го положија својот живот за татковината и го отворија македонското прашање на страниците на европската историја.

Повеќе...

ИСЧИСТЕНИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Согласно зацртаните активности од Програмата за управување со отпад за 2016 година за чистење на диви депонии, Општина Велес и ЈКП “Дервен” спроведоа активности за чистење на дивите депонии на следните локации: брег на река Вардар спроти ул.Коле Цветков, брег на река Тополка во непосредна близина на ОХОХО, брег на Битолска пруга во градското подрачје, пат за населба Дурутовец.

Повеќе...

Се реконструира патниот премин преку Нов мост

Се реконструира патниот премин преку Нов мост

Денес започна реконструкција на патниот премин преку Нов мост. Оваа реконструкција е неопходна бидејќи токму овој премин беше најоштетен, а воедно е и најфрекфентен за возила и пешаци.

Повеќе...

Отворен Центарот за едукација, рехабилитација и советување „ИСКРА

Слика 1

Денес во рамки на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ официјално започна да функционира Ценатрот за едукација, рехабилитација и советување “ИСКРА“. Велешката градинка е единствената предучилишна установа во Република Македонија која од денес има соба за сензорна интеграција во која ќе се работи со неколку категории деца, се со цел да се влијае на подобрувањето на нивниот раст и развој уште во најраните детски денови.

Повеќе...

ВО ТЕК Е АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Акција за собирање отпад 

Веќе трета година по ред во Општина Велес се спроведува Пролетната акција за собирање на габаритен отпад. Како и секоја година и оваа се организира пред верскиот празник Велигден со што на граѓаните им се овозможува бесплатно да го отстранат габаритниот отпад од своите домови.

Повеќе...

ЗАПОЧНА ПОПЛОЧУВАЊЕТО НА ТРОТОАРОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Поплочување во центарот на градот - Слика 1

Изминативе денови започнаа интензивни градежни активности за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје. На ова место најпрвин се отстрануваат старите и дотраени плочки, а во текот на наредните денови ќе започне поставувањето на нови бехатонски плочки.

Повеќе...