ГРК „Борец” засилен со нови и докажани ракометари

Велешаните Ивица Илиев и Миле Ордев се ракометарите кои од идната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од Градскиот ракометен клуб „Борец”, кој според последниот бараж натпревар останува во Супер лигата. Целта е остварена, ракометниот клуб е се постабилен, истовремено зајакнувајќи се со нови и квалитетни имиња. Денес, играчите и управата остварија средба со градоначалникот Чадиев при што беа сумирани впечатоците од сеозната која измина, а беа направени и планови и анализи за во иднина.

Повеќе...

ВЕЛЕШКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ” И „РАЈКО ЖИНЗИФОВ” ВО ЛИСТАТА НА ТРИТЕ НАЈБЕЗБЕДНИ И НАЈЧИСТИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта. 
За најбезбедни и најчисти основни училишта избрани се: ООУ „Тошо Велков Пепето“ – Кавадарци - прво место; ООУ „Васил Главинов“ – Велес - второ место и ООУ„Рајко Жинзифов“ - Велес (с.Долно Оризари) - трето место.

Повеќе...

Свечено затворени 53-тите Рацинови средби

Со доделувањето на традиционалните награди „Рациново признание“ на Сашо Димоски и на Владимир Јанковски, како и „Почесното Рациново признание“ на проф д-р Борислав Павловски, вечерва во Народниот театар „ЈКХ Џинот“ во Велес беа затворени 53-тите Рацинови средби. Претходно во текот на целиот ден се оддржаа низа манифестации кои ја збогатија културната програма од годинашните средби во чест на великанот Коста Солев Рацин.

Повеќе...

53-ти Рацинови средби. Велес се поклони пред великанот

Вечерва во Велес започна одбележувањето на годинешните Рацинови средби кои се 53-ри по ред од нивното создавање. Културната манифестација претходно отворија младите ликовни уметници од Гимназијата „Кочо Рацин”, тие на „Ѕидот за Рацин“ под Градскиот саат во Велес го промовираа муралот „Ленка и тутуноберачите“. Во текот на денот следеа и останатите културни настани како изложбата „Грнчарски средби – Велес 2016”, засадувањето млади дрвца во „Рациновата шума“ кај скалилата кои водат кон Спомен костурницата од НОВ, процесијата „1000 свеќи за Рацин“ и традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Рацин во центарот на градот.

Повеќе...

Посета на збратимениот град Бига, Република Турција

На официјална покана од Општина Бига, Р. Турција, градоначалникот м-р Славчо Чадиев, со преставници на Советот на Општина Велес, Бесим Ахмедов и Митаат Маслак и делегација од Општина Велес беа на посета во збратимената Општина Бига, Р. Турција.
Целта на посетата беше продлабочување на соработката меѓу двете општини, размена на искуства и одржување на средби со бизнис секторот на кои им беа презентирани можностите за инвестирање во Општина Велес.

Повеќе...

Асфалтирана е улицата „Тодор Христов – Офицерчето”

Во текот на денешниот ден се изведoa градежни активности за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”, која се наоѓа во близина на централната детска градинка. Станува збор за сообраќајница која е многу важна за градот и која беше во лоша состојба. Реконструкцијата на на улицата е предвидена во Програмата за уредување на градежно земјиште, во висина од 1.200.000 денари.

Повеќе...

Меѓуетничка интеграција во велешките основни и средни училишта

Во текот на денешниот ден во Општина Велес се одржа презентација на реализираните активности за Меѓуетничка интеграција во сите основни и средни училишта.
Ова е многу важно за градење на социјална и меѓуетничка кохезија. Ваквото образование ќе ги постави граѓаните во многу подобра позиција за активно да учествуваат во глобалното живеење на 21-от век.

Повеќе...