„Мото забава“ 2016
Седма година по ред мото-клубот „Носачи на крстот“ ја организриа својата мото забава. Традиционално и оваа година се одржа мото-дефиле низ градските улици. Гости на овој настан има од цела Македонија и од странство. Општина Велес како и секогаш помогна во реализацијата на овој настан.
55 години постоење на Боречкиот клуб „Борец“
Борачкиот клуб „Борец” денес одбележа два настани. 55 години од постоењето на Борачкиот клуб „Борец” и 35 години од смртта на големиот велешки борач Љубомир Коцев Листон. На турнирот учествува седум екипи од Македонија со 60 борачи, а се одржува во две категории, кадети и пионери. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој поздравувајќи ги гостите и организаторите, посака уште долги години успешна работа со многу забележани резултати.
Мото собир“ им оддадоа почит на 8 – те припадници на полицијата кои минатата година загинаа во немирите кај Куманово
Учесниците на годинашниот „Мото собир“ им оддадоа почит на 8 – те припадници на полицијата кои минатата година загинаа во немирите кај Куманово. Во нивна чест и во чест на Денот на полицијата, денес тие положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред СВР Велес.
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН
Градоначалникот Славчо Чадиев, утрово, по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, присуствуваше на Велигденската богослужба во Соборниот храм „Св.Вмч.Пантелејмон" во Велес. Велешани ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник.
Христово Воскресение - Велигден
Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена вечерва, точно на полноќ. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“! Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.
Реконструкција на водоводна линија на ул. Јовче Ќучук
Изминативе денови ЈКП „Дервен” интензивно работeше на реконструкција на водоводна линија на улица „Јовче Ќучук” во должина од 120 мeтри.
ВЕЧЕР НА ЏЕЗ МУЗИКА
По повод Интернационалниот ден на џезот 30-ти април, Општина Велес организира ВЕЧЕР НА ЏЕЗ МУЗИКА
Сабота, 30.04.2016 година, „Драма кафе“, 20.00 часот
Хортикултурно уредување на просторот кај спомен-обележјето на Алексо Демниевски - Бауман
Хортикултурно уредување на просторот кај спомен-обележјето на Алексо Демниевски - Бауман
Отворени денови на стрелаштвото
По повод денот на Гемиџиите, во стреланата на Стрелачкиот клуб „Велес" изминативе два дена се одржа манифестацијата „Отворени денови на стрелаштвото". На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев. Целта на стрелачкиот клуб е анимирање на младите за стрелаштво, како спорт кој промовира самодисциплина и смиреност.
Велигденско јајце
Традиционалната манифестација „Велигденско јајце“ се реализираше и оваа година во Младинскиот парк во организација на Општина Велес.
На оваа манифестација учесници беа ученици од сите основни и средни училишта, Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на ОО Црвен крст Велес, Дневниот центар на лица со посебни потреби, и Детската градинка „Димче Мирчев“. Кон шаренилото на велигденските јајца, креативноста и вештината на најмладите, се придружија и Организацијата на жени, ЗГ „Креација“ и Активот на жени пензионерки кои ги прикажаа традиционалните специјалитетите од велигденската трпеза.