Акцијашите повторно во акција за чистење на езерото Младост

Здружението на граѓани "Акцијаш ветерани" од Велес, по петти пат денес на бреговите на езерото Младост, како и на локации во близина патот околу езерото, организираа доброволна еколошка акција за чистење.

Повеќе...

"Да трчаме, здраво е" низ улиците на Велес

По тринаесетти пат, оваа година се одржа мини маратонот „Да трчаме, здраво е“ во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП) од Велес. Учество на годинешниот мини маратон земаа околу 100 ученици од градинките и од основните општински училишта од градот.

Повеќе...

Коцевски избран за претседател на Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство

 

Во просториите на ЗЕЛС во Скопје, денес се одржа Седница на Собранието на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, на која за претседател на асоцијацијата едногласно беше избран градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе...

Велес домаќин на Државното првенство во одбојка за ученички

На покана на Сојузот на училишен спорт, градоначалникот Коцевски денес ја имаше честа да го отвори завршниот настан на Државното првенство во одбојка за ученички од основните училишта од државата во Велес и да се обрати пред присутните.

Повеќе...

Европска награда за велешките гимназијалци

По повод освоеното второ место на меѓународниот натпревар “Европски квиз на пари”, градоначалникот Коцевски денеска оствари средба со добитниците на наградата од СОУ “Гимназија Кочо Рацин” од Велес. Градоначалникот лично им честиташе на учениците од прва година Марко Инѓилизов и Викторија Панова, нивниот класен раководител и ментор, професор Марјан Стојановски и директорот на училиштето, Гоце Алексовски.

Повеќе...

Младите активисти учат за локалната самоуправа во Велес

 

Работењето на општината, справувањето со предизвиците во врска со изнаоѓање решенија за подобрување на секојднeвниот живот на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, беа во фокусот на денешната средба на петнаесетина активисти од Велес со градоначалникот Коцевски. На средбата се разговааше за поделбата на власта во РСМ, начинот на кој функционира една единица на локалната самоуправа, но и прашања поврзани со изборот на високото образование како и прашањата поврзани со граѓанскиот активизам кај младите.

Повеќе...

Подобрени јавни услуги во населените места

Во април и мај во сите населени места кои добиваат и плаќаат комунални услуги (Отовица, Башино село, Мамутчево, Сујаклари, Раштани, Бузалково, Чалошево, Горно Оризари, Караслари) беше извршено перење на централните улици. Исто така, беа искосени јавните површини и тоа: влезот во населените места, центрите на населените места како и пристапите кон училиштата и други јавни објекти.

Повеќе...

Младите велешани на трибина за волонтерството

 

Волонтерството како активност беше во фокусот на денешното одбележување на 9. Мај, Денот на Европа, Во Општина Велес денес се организираше трибина под наслов “Нашата волонтерска приказна”, чија цел беше да се информираат младите околу можноста за волонтерската работа во нашиот град и во странство, но и за придобивките од членувањето во младинските организации како волонтери, како за нив самите, така и за целата заедница во која делуваат.

Повеќе...

По повод Денот на Европа-Најмалите велешани создадоа цветна Европа

Со организирање на креативно – едукативна работилница „Децата за ЕУ“ со децата од ОЈУДГ “Димче Мирчев”, денес во Велес се одбележа 9. Мај, Денот на Европа. На неформален начин, преку игра и песна, учесниците на работилницата, самостојно ги изработија знамињата на сите 28 земји членки на Европската Унија и преку квиз учеа за европските земји и нивните главни градови.

Повеќе...

Светскиот лидер во градежната индустрија „Винербергер“ во посета на Велес

Делегација во состав од претставници на една од водечките градежни индустрии „Винербергер“ од Австрија како и од регионалната канцеларија на организацијата „Хабитат“ денес остварија средба со градоначалникот Коцевски на која стана збор за досегашната одлична повеќе годишна соработка на Хабитат со општината.

Повеќе...