Градежни зафати на Градскиот стадион

Деновиве, Општина Велес ги започна градежните активности за подобрување на условите за спортување на Градскиот стадион. Градежните зафати вклучуваат бетонирање на три платоа, отстранување на ризла зад стативите и поставување на земја за хортикултурно уредување околу теренот.

Повеќе...

Велес го чествува Илинден

По повод националниот празник Илинден, Денот на Републиката, утринава им беше оддадена почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.

На 2. Август годинава се навршуваат 116 години од почетокот на Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегации на Општина Велес, членови на Сојузот на борци од НОАВМ-Велес, на јавните институции од градот, членови на семејства на загинати борци, политички партии и невладини организации, положија свежо цвеќе на споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот, пред споменикот на великанот Панко Брашнаров, како и во Спомен-костурницата, каде се одржа и централната свеченост.

Повеќе...

Старт на градежните активности крај езерото „Младост“

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Велес за 2019 година,  започна пробивањето на улицата 2 на езерото „Младост“. Во изминатиот период се постави инфраструктурата: приклучоци за подземна инфраструктура и улично осветлување со што се обезбедија услови за старт на работите за асфалтирање на улицата.

Повеќе...

Усвоена одлуката за основање на училиштето „Панко Брашнар“

На денешната 38 седница, со 11  гласа „за“ и  6  „против“, Советот на Општина Велес ја усвои одлуката за основање на Општинско основно училиште во Велес. Со одлуката се основа Општинското основно училиште „Панко Брашнар“ како правен следбеник на училиштата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“. Советот ја донесе одлуката по добиеното позитивно мислење од Владата, на барање на Министерството за образование.

Повеќе...

Одбележани 70 години од загинувањето на борците учесници во граѓанската војна во Грција

Со поставување на биста на Мирка Гинова на спомен обележјето на борците од Егејска Македонија, денес се одбележаа 70 години од загинувањето на борците учесници во граѓанската војна во Грција.

Свежо цвеќе положија делегации на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда” од Велес, Општина Велес, Општинскиот огранок на Сојузот на борците од Велес, Општинска организација на пензионерите од населба Превалец, членови на семејствата на загинатите борци и Сојузот на Македонците од „Егејот”.

Повеќе...

Урбаната опрема е имот на граѓаните

По зачестената појава на уништување на урбана опрема во градот и покрај езерото „Младост“, градоначалникот Коцевски како одговор на новинарско прашање ги повика граѓаните заедно да се грижат за урбаната опрема.

Повеќе...

Здравјето на велешани врвен приоритет

На прес конференција, на 25 јули годинава,градоначалникот Аце Коцевски ги информираше граѓаните за подготовките за дислокација на топилничката згура. „Компанијата „Кепс Монт груп“ - Скопје која ја доби дозволата за експлоатација на минералната суровина од депонијата на топилницата, на 16 јули годинава до Општина Велес поднесе барање за добивање на Б интегрирана еколошка дозвола.

Повеќе...

Реонизацијата –предуслов за квалитетно образование

Од големо значење за нашите заложби да обезбедиме квалитетно образование во сите училишта е и доследното спроведување на реонизацијата. Затоа упатувам апел до родителите, да ја почитуваат реонизацијата и своите деца да ги запишуваат во училиштата во реоните во кои живеат. Ова особено се однесува на родителите на децата кои треба да учат во општинските училишта „Благој Кирков“ и Џинот“ што наскоро ќе се трансформираат во новото училиште „Панко Брашнар“.

Повеќе...