Велес учесник на меѓународен фестивал на жените во Шербур
На покана на градот Шербур Октевиљ, од регионот Долна Нормандија, Република Франција, госпоѓа Нада Трајкова, член на Советот на Општина Велес, учествуваше на шестото издание на фестивалот „Жената во Градот 2015“. Во рамките на активностите на фестивалот, на 28 февруари годинава, госпоѓа Трајкова учествуваше на тркалезната маса посветена на жените во политиката.
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА УПРАВАТА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ
Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од денеска ги почнува отворените денови со граѓаните. Во текот на целиот месец ќе бидат организирани средби со заинтересираните граѓани кои ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер. По тој повод денес во просториите на Управата во Велес од каде што стартуваше проектот, присуствуваше и Директорот Зоран Крстаноски.
ИЗЛОЖБА „ПОРТРЕТИРАНИ СЕЌАВАЊА” НА ЈАНА МАНЕВА ЧУПОВСКА
На 27.02.2015 година во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” во Ликовниот салон се одржа самостојна изложба на Јана Манева Чуповска, насловена „Портретирани сеќавања”. Нестандардната изложба ја сочинуваат еднобојни цртежи изведени на хартиена подлога и рачно изработени текстилни покривки за маса, фолклорни рачни плетени со еден конец, наречени миленца, изработени во техника на чипка, како и волнени покривачи јамболи. Цртежите се портрети, семејни фотографии, вметнати во кутии каде се заработени, како дел од меморијата.
Одбележана 11-годишнината од смртта на Анита Кришан - Лозаноска
Денес на гробиштата на црквата „Св. Спас” во Велес почит и беше оддадена на Анита Кришан - Лозаноска. Таа како вработена во кабинетот на претседателот Борис Трајковски беше дел од делегацијата која во Мостар, пред единаесет години, требаше да учествува на меѓународна економска конференција.
УЧЕСТВО НА СРЕДНОШКОЛЦИ ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА НА ОПШТИНАТА
Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, денес oтпочна со реализација на проектот: „Учество на средношколци при усвојување на годишната сметка на општината – Фискална транспарентност на ЕЛС Велес и инволиврање на младите во локалните политики”.
Делегација од Oпштина Бига од Р. Турција во посета на Велес
Во посета на Општина Велес денес претстојува делегација на општината Бига од Република Турција, предводена од градоначалникот Исмаил Исик и членови на советот. За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Славчо Чадиев, а потоа беше направена и обиколка и разгледување на градот.
СТАРАТА ТЕАТАРСКА ЗГРАДА Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Со Одлука на Владата на Република Македонија на Општина Велес и е доделена на трајно користење старата театарска зграда која се наоѓа на улица Илинденска. Објектот располага со околу 700 м² корисна површина и близу 800 м² дворно место.
Оваа информација денес на пресконференција ја соопшти градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази големо задоволство од досегашната соработка со Владата на РМ. Изминатите две години на Општина Велес и беа доделени во сопственост уште неколку други капитални објекти со што вредоста на имотот кој го поседува локалната самоуправа неколкукратно се зголеми.
Чисти понеделник на Мегдан
Чисти понеделник е првиот ден на велигденскиот пост. За домаќинките значи темелно чистење на куќата, особено на кујнските садови, отстранување на секоја мрснотија што може да го наруши седум неделниот пост. Традицијата налага на овој ден да се јаде бел грав и варена царевка. Велешани доследни на традицијата започнувањето на постот со децении го прават организирано, на велешките маала од две причини – да се дружат и да не им пречат на домаќинките во чистењето на домот. Денес на чисти понеделник највесело беше на Мегдан каде се собраа голем број велешани од сите маала, но и оние кои одамна не живеат во Велес. Од вкусниот бел грав проба и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Градоначлникот направи увид на градежните активости за за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје
Градоначалникот Славчо Чадиев во текот на денешниот ден во рамките на својата работна агенда направи увид на градежните активости за за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје. Паралелно со поставување на бехатонските плочки на овој простор се вградуваат и повисоките рабници кои што ќе го спречат паркирањето на автомобили.
ПОВТОРНО Е СКРШЕНО СФЕРНОТО ОГЛЕДАЛО ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ
По само два месеци од изминатиот инцидент, викендов повторно беше скршено сферното огледало кое што Општина Велес го имаше поставено за зголемување на прегледноста во сообраќајот на крстосницата во близина на управната зграда на ЈКП „Дервен”. Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте ги овие сообраќајни добра. Наместо за поправка нека останат средства за нови за сообраќајни средства кои ќе го регулираат и олеснат сообраќајот.