Отворен ден на ЕУ во Велес
Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Аиво Орав, Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп како и заменик- народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа денес ја посетија Општина Велес.
Чисти понеделник на Мегдан.
Чисти понеделник е првиот ден на велигденскиот пост. За домаќинките значи темелно чистење на куќата, особено на кујнските садови, отстранување на секоја мрснотија што може да го наруши седум неделниот пост. Традицијата налага на овој ден да се јаде бел грав и варена царевка. Велешани доследни на традицијата започнувањето на постот со децении го прават организирано, на велешките маала од две причини – да се дружат и да не им пречат на домаќинките во чистењето на домот.
Честитка на Градоначалникот по повод Велики поклади - Прочка
Ваше Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел,
Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес, Вам, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од нашиот град, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.
Се почесто се оштетува урбаната опрема во градот
И покрај напорите на Општина Велес и ЈКП „Дервен" да го разубават градот со обновување на урбаната опрема, цветните жардињери и дрвјата на јавните зелени површини, за жал, несовесни граѓани ги уништуваат поставените клупи, летниковци и корпите за отпадоци, а свежо засадените цвеќиња и дрвја ги снемува преку ноќ.
Интезивните врнежи од дожд го зголемија нивото на реката Вардар
Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија Илија Димовски излегоа на терен по на течението на реката Вардар по обилните врнежи што ја зафатија Република Македонија.
Увид во градежните работи на Езеро Младост
Денес, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски направи увид на градежните работи на брегот на Езерото Младост.
Презентиран урбанистички план за с. Оризари
Градоначалникот Славчо Чадиев, вчеравечер заедно со стручните служби од Општина Велес ја посети МЗ „Оризари“. На оваа средба се разговараше за текот на реализирање на проектите во оваа Месна заедница и беше презентиран урбанистичкиот план со коj с.Оризари после донесувањето на општиот акт е првото село во општината за коe ќе биде донесен урбанистички план со површина од 13 хектари земја што ке овозможи изградба на 100 семејни куќи.
Новата индустриска зона „Мамутчево" за побрз развој на Велес
Увид на новата индустриска зона „Мамутчево" Општина Велес продолжува да инвестира во отварање на индустриски зони. По успешната изградба и продажба на парцелите од зоната „Караслари”, каде веќе работи германската компанија „Маркарт” а неколку нови капацитети се градат, општината веќе ги започне подготовките за изградба на новата индустриска зона „Мамутчево”.
ДВОКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО АВТОМОБИЛИЗАМ ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ УТРЕ ВО ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА МЛАДИТЕ ВЕЛЕШАНИ
Двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советува и едуцира младите велешани за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.
Честитка на градоначалникот по повод 8-ми март
Почитувани ,
Дозволете ми до сите припаднички на понежниот пол да упатам срдечни честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на жените, 8-ми Март.