Велешани го одбележаа празникот „Источен петок – Балаклија”

Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. И оваа како и сите години наназад, Велешани масовно ги посетија овие три христијански храмови.

Повеќе...

Детски семафор - 2015

Денес во просториите на ООУ „Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес.
Учество земаа училишта ООУ „Рајко Жинзифов“ , ООУ „ЈХК-ЏИНОТ“ и ООУ „Васил Главинов“

Повеќе...

Започна Саемот на книга во Велес

,,Неделата на книга” официјално започна и во Велес. Манифестацијата е во организација на Клуб Матица, Народниот театар, а поддржана е од Општина Велес. Организаторите ветуваат многу возбудливи наслови. Велешани ќе имаат можност од 16-ти до 18-ти април да си ги купат омилените книги, а со тоа да помогнат да се соберат средства со кои ќе се купат книги и ќе се донираат во Библиотеката ,,Гоце Делчев” во Велес.

Повеќе...

ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ

По повод Неделата на хигинизација што Црвениот крст на Р.Македонија ја одбележува од 08-ми до 15-ти април, во соработка со Општина Велес се изврши едукација за значењето и начините на одржување на личната хигиена и за здравите навики што водат кон подобро здравје.

Повеќе...

Реконструкција на кровот во подрачното училиште во с. Клуковец

Oвие денови во тек се градежни активности за хидроизолациона реконструкција и санација на кровот на подрачното училиште во село Клуковец. По завршувањето на школската година, активностите за реновирање на училиштето ќе продолжат со уредување на внатрешните простории. Во училиштето во с. Клуковец настава посетуваат 36 ученика, а истото е дел од ООУ „Васил Главинов”.

Повеќе...

Ден на Командата за обуки и доктрини

Во касарната „Алекса Демниевски – Бауман” во Велес денес се одржа свеченост по повод Денот на Командата за обука и доктрини (КОД).
На настанот присуствуваа заменик-началникот на Генералштабот (ГШ) на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, командантот на КОД полковник Љупчо Костовски, градоначалникот Славчо Чадиев, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ и други гости.

Повеќе...

Реновиран е пензионерскиот дом во Велес

Велешките пензионери oд денес добија подобри услови за престој. Свечено беше пуштена во употреба реконструираната просторија во домот каде секојдневно своето време го поминуваат 100-тина пензионери. Обновена е трпезаријата, поставени се четири телевизори, реконструирани се санитарните јазли, а има и посебна просторија за љубителите на шах.

Повеќе...

Христово Воскресение - Велигден

Градоначалникот Славчо Чадиев и неговата сопруга, утрово, по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, присуствуваа на Велигденската богослужба во Соборниот храм „Св.Вмч.Пантелејмон" во Велес. Велешани ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник.

Повеќе...

Воскресение Христово

Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена вечерва, точно на полноќ. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!
Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Повеќе...

Самостојна изложба - „Убава е Македонија“

Во рамките на манифестацијата „Велес – Град на културата за 2015 година“ синоќа во ликовниот салон во Велес беше отворена самостојна изложба насловена „Убава е Македонија“ на македонскиот академски сликар, Новица Трајковски.

Повеќе...