Се гради потпорниот ѕид на новиот кружен тек
Општина Велес ги отпочна градежните активности за изградба на потпорен ѕид на новиот кружен тек на влезот во градот. Истиот ќе се протега по целиот кружен тек, а неговата висина ќе изнесува околу 3 метри. Целта е да се спречат одрони на земјиштето.
Детектор на лаги
Вчеравечер во рамките на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“ на сцената на новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” гостуваше ансамблот на Охридскиот театар со претставата „Детектор на лаги“ според делото на Василиј Сигерев, а во режија на младиот режисер Ненад Витанов.
Денес е светскиот ден на аутизмот
Денес по осми пат се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.
По тој повод во Младинскиот парк се организираше манифестација на која што се одбележа денешниот Светски ден. На настанот се обрати и организаторот, родител на дете со аутизам, кој пред присутните со искрени зборови побара децата со аутизам да бидат прафатени што повеќе од средината.
НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК Е ЕДЕН ОД ПОЗНАЧАЈНИТЕ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ДОСЕГА И ТОЈ НЕСОМНЕНО ПРЕТСТАВУВА ГОРДОСТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ
Во интерес на вистината која им ја должиме на граѓаните, а која се однесува за новоизградениот кружен тек на влезот во Велес за кој сум убеден дека претставува еден од позначајните реализирани проекти во изминатиов период, дозволете ми да изнесам уште неколку факти за постапката, квалитетот и стручноста на изведените работи:
AПРИЛИЈАДА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС
Во организација на Општина Велес, во Младинскиот парк во Амфитеатарот како и секоја година и оваа се одржа традиционалната културна манифестација „Априлијада”.
Маскираните дечиња од детските градинки, велешките училишта и лицата со посебни потреби, не криејќи ја својата радост продефилираа низ улиците на Велес. Нивнита креативност изразена преку многубројните маски, беше повод за радост, смеа и подобро расположение на сите генерации.
Градоначалникот Славчо Чадиев денес беше дел од утринската програма на Канал 5 Телевизија
Градоначалникот Славчо Чадиев денес беше дел од утринската програма на Канал 5 Телевизија, каде што информираше за текот на проектот „Велес - Град на културата за 2015 година” и настаните кои следат во месец Април.
-„Знаете дека е полесно да се искачиш до врвот отколку да останеш таму. Затоа ние сите заедно, општината, уметниците и граѓаните на Велес даваме се од себе да останеме на врвот во културата во Република Македонија. Сега немаме ни една причина да не успееме затоа единственото нешто што ни недостигаше – соодветен простор за реализирање на културните настани од поголем профил, го имаме, тоа е новата театарска зграда”. - рече градоначалникот Чадиев
ПРОЛЕТНО КРПЕЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ ПО ГРАДСККИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ
Општина Велес овие денови спроведува пролетна акција за крпење на ударните дупки на градските сообраќајници. Интензивно се работи на реконструкција на улиците и санирање на коловозот од штетите предизвикани во зимскиот период. Ќе бидат закрпени со асфалтна маса сите улици кои се од витална важност за нормално одвивање на сообраќајот. Средствата за градежните работи се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.
Се поставуваат столчиња на трибините од Градскиот стадион
Овие денови во тек се интезнивни градежни активности за поставување на првите столчиња на трибините од Градскиот стадион. Станува збор за 1.000 столчиња кои се обезбедени од Агенција за млади и спорт на РМ. Стадионот минатата година доби нова подлога, вештачка трева погодна за одигурување и на меѓународни натпревари.
„Априлијада“
Во организација на Општина Велес, во рамките на манифестацијата „Град на културата за 2015“, најмладите велешанчиња од детската градинка, седумте основни општински училишта и другарчињата од ПОУ „Маца Овчарова, на 1-ви Април ќе го празнуваат Денот на шегата. И овојпат со првоаприлско дефиле по улиците на градот, со разнобојни костими, песни и насмевки ќе се реализира традиционалната „Априлијада“.
Кошаркарите на Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, се трети во земјава
Кошаркарите на Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, се трети во земјава. Тие освоија бронзен медал на Државното првенство во кошарка за средни училишта, кое се одржа во Кавадарци. Во борбата за третото место, средношколците од Економска ја победија екипата на струмичката гимназија „Јане Сандански“ со 59:48, а играчот Никола Зафирчев е избран во најдобрата петорка на првенството.