33. Седница на Советот на Општина Велес

Со вкупно 11 точки на Дневниот ред, на 8 мај годинава, Советот на Општина Велес ја одржа својата 33. седница. Покрај кварталниот извештај за периодот јануари март 2019 година, советот ги усвои одлуките за изменување и дополнување на Буџетот, програмата за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови за Велес, за 2019 година со што на барање на инвеститор ќе се овозможи изградба на нов хотелски комплекс на подрачјето на Општина Велес, во КО Караслари, под Чука.

Повеќе...

Во април исчистени 160 м3 отпад од јавните површини

 

Активностите на Општина Велес за чистење на јавните површини се интензивираа во изминатиов период. Освен редовното метење и миење на јавните површини, согласно Програмата за јавна чистота беа исчистени повеќе локации од отпад и тоа: индустриска зона Речани, пристапите кон црквите, како и десетици јавни површини во урбаната средина.

Повеќе...

Подигнати нови зелени површини во Комплекс УЗУС

Оваа година Велес ќе добие нова парковска површина која се наоѓа во дворот на средното стручно училиште „Коле Неделковски“. Запуштениот простор кој е зад училиштето во изминатиов период интензивно се уредува и сега добива сосема нов лик.

Повеќе...

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Денот на македонската полиција

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, на сите припаднички и припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7 Мај, Денот на полицијата.
Посветеноста и професионалноста со кои ја извршувате Вашата професија се одлики за пример, почит и пожртвуваност.

Повеќе...

Се продлабочува соработката со УНДП

Во рамки на проектот "Унапредување на општинското владеење", поддржан од страна на УНДП, денес, градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски имаше средба со консултант од програмата на УНДП на која се разговараше за досегашните активности во кои беше вклучена општината.

Повеќе...

116 години од Солунските атентати

Поединци и делегации, претставници на Општина Велес, општинската организација на Сојузот на борците, здруженијата на граѓани, јавните инситуции и ученици од основните и средни училишта од Општина Велес, денес, пред паметникот на Гемиџиите оддадоа почит кон саможртвата на младите Македонци, кои пред 116 години во Солун го кренаа својот глас против османлиското угнетување и неподносливите услови во кои живее македонскиот народ во рамките на Османлиската држава.

Повеќе...

Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2019 година

Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката за објавување конкурс за доделување на награда „Рациново признание“ за 2019 година, бр. 25-982/8 од 23.4.2019 година, објавува

КОНКУРС

За доделување на наградата „Рациново признание“ за 2019 година

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод Велигденските празници

 

Почитувани,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните од сите заедници, на сограѓаните со православна вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден.

Повеќе...

Коцевски на средба со млади волонтери од Велес

Градоначалникот Коцевски денес оствари работна средба со група млади волонтери од Велес кои членуваат во Младинската иницијатива, под името Be The Change (Биди промената). Оваа иницијатива е група на млади од 15 до 18 годишна возраст, која брои девет членови и работи под менторство на Здружението на граѓани “Младите можат” од Скопје.

Повеќе...