Израелски примери на добра пракса претставени пред велешани
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари средба со претставници на граѓанската организација Креаторс, од Израел и УНДП. Тие планираат да развијат процес, преку кој општините ќе се подготват да мапираат и овозможат е-услуги, преку креаирање на систем, стратегија, тим и метод за "дигитална проектна имплементација".
Втора седница на Организацискиот одбор на манифестацијата “Рацинови средби”
Во Општина Велес, денес, 22. Април 2019та година, се одржа Втората седница на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“. На седницата, членовите на одборот ги разгледаа точките предложени во Дневниот ред и истите беа едногласно усвоени.
Велес и Македонија се збогуваа со големиот хуманист д-р Милчо Трајков
По повод смртта на почитуваниот граѓанин на Велес, големиот хуманист, волонтер и претседател на Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Велес д-р Милчо Трајков, денеска во Општина Велес се одржа комеморативна седница. Во присуство на членови на семејството на д-р Трајков, неговите пријатели, соработници и волонтери од целата држава, во името на сите граѓани на Велес со д-р Трајков се збогуваше градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски.
Потврдена хуманоста и соработката помеѓу Општина Велес и Алзас од Франција
Денес, градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски, се сретна со претставници на Асоцијацијата Алзас –Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција, кои се долгогодишни соработници, помагатели и пријатели на Општина Велес и велешани.
Граѓаните расправаа за отстранување на троската од депонијата кај Топилница
На денешната Јавна расправа по Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот “Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитетот ‘Баш Колиби’ (депонија на Топилница), се разговараше за влијанијата врз животната средина од активностите на црпење на суровината и мерките кои ќе се превземат за контрола на тие влијанија.
Генерално расчистување на јавните површини пред предстојниот летен период
Од почетокот на месец април Општина Велес започна со генерално расчистување на локации кои долги години беа користени од страна на правни лица и трговци поединци за свои потреби, а без одобрение за користење на јавна површина.
Општината смета дека јавните површини припаѓаат на граѓаните и затоа се одлучи да изврши генерално расчистување на јавните површини, започнувајќи од централното градско подрачје и главните сообраќајници.
"Здравјето е пред се" за велешани
4456 операции на карцином на простата во последните 5 години во земјава.Во Велес и регионот откриени 24 карциноми на простата само во изминатата година.69 откриени случаи на карцином на дојка во Велес и регионот за 2018 година.
Пријателите од Алзас донираат медицинска опрема
Асоцијацијата Алзас –Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција денеска донираa медицинска опрема за Здравствениот дом во Велес. Донацијата се состои во колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење, болничка опрема како и компјутерска опрема.
Австриските “Зелени” во посета на Велес
Во рамки на научната екскурзија “Земја со нов почеток”, триесетина претставници на академијата на Зелената партија од повеќе покраини од Австрија, денес остварија средба со градоначалникот Коцевски и беа во посета на Општина Велес.
Општинската зграда енергетски ефикасна
Во зградата на Општина Велес комплетно се завршени активностите за вградување на котли на пелети.Во котларницата на објектот е демонтирана старата опрема (3 котли на јаглен со пропратна арматура), монтирани се 2 котли на пелети со потребната автоматика и пропратна арматура, како и систем за филтрирање на гасови од котлите.