Ревија на новиот германски филм во Велес

Вечерва во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес започна ревијата на новиот германски филм. Ревијата е во рамките на 11. Фестивал на новиот германски филм, што го организира Амбасадата на Германија во Македонија, а во чии рамки во десет македонски градови меѓу кои и Велес ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија.

Повеќе...

Заштита на фрескоживот во манастирот Св. Димитрија

Денес градоначалникот Славчо Чадиев заедно со директорката на Народен музеј - Велес Елица Николова извршија увид на активностите во манастриот Св. Димитрија каде што се работи на фрескоживот на овој објект.

Повеќе...

Велес доби бизнис центар

Фирмите од Вардарскиот регион ќе добиваат поддршка во работењето. Центарот за развој на Варадарскиот плански регион формираше бизнис центар во кој постоечките компании но и новите инвеститори ќе добиваат информации за измени во законите и поволностите кои тие ги овозможуваат, бројот на население и нивната стручна подготовка.

Повеќе...

Турнир на пеливани во Бузалково

Согласно програмските активности на Општина Велес, денес се одржа традиционалниот турнир на пеливани во селото Бузалково.

Повеќе...

Одбележан Светскиот ден за борба против гладот

Денес градоначалникот Славчо Чадиев заедно со претседателот на ОО на Црвениот крст од Велес Д-р. Милчо Трајковски, го одбележаа Светскиот ден за борба против гладот каде што се предаде и чекот со кои ќе им се помогне на 10 семејства. На настанот се донираа и парични средства со повик на броевите за донации (075/070/077-143 400).

Повеќе...

Учество на Општина Велес на Интернационална тренинг програма “Enabling Local Democracy and Holistic Urban Planning through the SymbioCity Approach”

Тим од Општина Велес аплицираше и е одбран за Интернационална тренинг програма “Enabling Local Democracy and Holistic Urban Planning through the SymbioCity Approach”.

Повеќе...

Поделени 1.000 канти за отпадок

1,000 канти за отпадок од страна на Општина Велес стандардизирани за комунален отпад од 120 литри од кои, 800 зелени за комунален отпад и 200 жолти за отпад од пакување, денес беа поделени на граѓаните од страна на Градоначалникот Чадиев и стручните служби.

 

За поделба на зелени канти за комунален отпад беа избрани домаќинствата на следните улици:
Луј Пастер, Наце Димов, Павел Шатев, Мите Богоевски, Стефан Димитров, Камка Тоцинова, Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Коле Неделковски, Мирка Гинева, Белградска.


Додека, жолтите ке бидат поделени на домаќинствата од улиците кои изминатата година беа вклучени во пилот фазата за зелени канти.

 

Доделувањето, евиденцијата и понатамошното постапување со кантите за отпад ќе го извршува ЈКП „Дервен“.

Повеќе...

ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ УРНАА ПОТПОРЕН ЅИД

Врнежите од изминатиот викенд кои беа обилни и со силен интензитет, предизвикаа штета во Велес. Заради преголемото количество на вода се урна потпорниот ѕид на улица „Орце Мартинов“ во должина од 13 метри.

Повеќе...