Се поставува водовод на улица Родна Ивева
Продолжуваат инфраструктурните активности на Општина Велес. Во моментов се работи на левата страна на градот. На улица Родна Ивева се изведуваат градежни активности за поставување на водоводна мрежа во должина над 250 метри. Градоначалникот Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид во работите. Поставување на оваа водоводна линија е еден од приоритетите кои ги посочија токму граѓаните од Урбаната заедница Богдан Каракостев на средбите со градоначалникот.
СЕ ПОСТАВУВА ВОДОВОД НА УЛИЦА ДР. ПАНЧЕ ВАСКОВ ВО РЕЧАНИ
Жителите од населбата Речани ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоводен систем. Во тек е реализиција на проектот за поставување водоводна мрежа на улица Др. Панче Васков.Екипи од фирмата изведувач се на терен. Во моментов се копа трасата по која ќе бидат поставени цевките во вкупна должина од 900 метри.По завршување на градежните активности, граѓаните кои живеат во тој дел од населбата Речани ќе треба да побараат приклучок во ЈКП Дервен и да добијат чиста вода од градскиот водовод.Жителите од населбата Речани ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоводен систем. Во тек е реализиција на проектот за поставување водоводна мрежа на улица Др. Панче Васков.
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион денеска потпишаа меморандуми за соработка со Стопанската комора на Македонија – Регионална комора со седиште во Велес.Целта е во наредниот период да се продлабочи соработката на овие институции и да се овозможи посериозен пристап на фирмите до претпристапните фондови на Европската Унија.„Ова е прв меморандум за соработка од ваков вид кој се потпишува во Република Македонија. Очекуваме со него бенефит да имаат најмногу фирмите кои ќе добијат неопходна помош и информации за посериозен пристап и користење на средствата од европските фондови. Крајна цел од сето тоа би било развој на фирмите, подобра економија и секако повисок стандард„вели Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
ОТВОРЕНИ 49-ТЕ ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ
Започнаа 49-тите Детски Рацинови средби. Годинава со учество на 68 ученика со своите ментори од 14 градови од Македонија. Тоа е една четвртина од вкупниот број учесници на литературниот и ликовниот конкурс што го распиша организаторот на манифестацијата. За најдобрите на двата конкурси во сите категории за основно и средно образование денеска беа доделени награди. „Детските Рацинови средби имаат исто, ако не и поголемо значење од Средбите на возрасните. Тие ја остваруваат истата цел – го негуваат делото на Коста Солев Рацин и го презентираат пред светот. Но нивната мисионерската улога на пренесување на големината и значењето на Рацин на младите генерации, на нашата иднината, на оние кои ќе продолжат да ги негуваат традицијата, јазикот и културата на Македонците, е она што ги прави Детските Рацинови средби единствени„рече на отворањето Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.
НОВИ ПРОЗОРИ ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
Општина Велес продолжува да ги реализира проектите за енергетска ефикасност во образовните институции. Деновиве на ова поле се работи во Основното училиште „Блаже Конески“. Работници од фирма изведувач се на терен и вршат замена на старите прозори со нови ПВЦ. Согласно договорите и тендерската процедура, нови прозори кои значат поголема енергетска ефикасност преку заштеда на топлинска енергија, ќе бидат поставени во 13 училници во делот каде се изведува предметна настава.
Се бетонира улицата Јовче Тикваров
Општина Велес продолжува со реализација на инфраструктурни проекти. Во моментов работници од фирма изведувач се на терен на улицата Јовче Тикваров во близинана црквата „Цв. Спас“. Граѓаните кои живеат во овој дел на градот добиваат подобри услови. Деновиве ќе е изврши бетонирање на улицата и пешачка патека со вкупна должина од 300 метри. Реконструкцијата на оваа улица е дел од проектот „Декада на ромите“ со која се подобруваат условите за живот во оние делови од населените места каде живее ромското население.
Хидрауличен лифт за лица со посебни потреби во домашни услови
Општина Велес и Здружението на лица заболени со церебрална парализа денеска донираа „Хидрауличен лифт за лица со посебни потреби во домашни услови“. Активноста е дел од акциониот план со кој им се помага на лицата со посебни потреби. Градоначалникот Славчо Чадиев, го предаде новото помагало за браќата во семејството Димитриевски кои од денеска можат полесно да се движат низ својот дом. Тие боледуваат од мускулна дистрофија поради што се целосно неподвижни. Овој лифт ќе биде од голема помош за нивната мајка која сега полесно ќе може да се грижи за нив.
Врачена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“
Со громогласен аплауз публиката во велешкиот театар го поздрави Кирил Гравчев овогодинешниот добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2016 година. Наградата му ја врачи Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Кирил Гравчев на театарската сцена е од далечната 1970 година. Зад себе има незаборавни улоги како Кир Дима во претставата „Кир Јана“, Спиро во „Чорбаџи Теодос“, Таса во „Сомнително лице“, Степан во „Женидба“, Бопчински во „Ревизор“, Пројко во „Железно пиле“.
Врачени 9-то ноемвриските награди и признанија за 2016 година
Општина Велес ги додели 9-то ноемвриските награди и признанија за 2016 година. Наградата за животно дело годинава им припадна на Примариус Др. Ангел Мајсторов и Академик Фехим Хусковиќ. На свечената седница која се одржа во просториите на театарот ЈХК Џинот се доделија четири спомен плакети за: Џери Наумоф, Министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на Р. Македонија „Маркарт Македонија“ ,Др. Милчо Трајков и Др. Тања Анѓушева Шеф на Одделот за интензивна нега во Специјална болница за кардиохирургија „Филип Втори“.
Jавна расправа по нацрт програмите за работа на општината
Граѓанските организации, невладиниот сектор, претставните на Урбаните и Месните заедници ги дадоа своите предлози, идеи и сугестии за подобро функционирање на Општина Велес. Вечерва се одржа јавната расправа по сите 13 нацрт-програми за работа на локалната самоуправа во 2017 година. Заштитата на животната средина, урбанизмот, инфраструктурата, комуналните дејности, поддршката навладините организации беа дел од темите за кои најмногу се дискутираше. Сите идеи и проекти кои ги предложија учесниците на јавната расправа ќе бидат разгледани и дел од нив вметнати во конечните продлог програми за работа на Општината во наредната година кои ќе се најдат на дневен ред на наредната 60-та седница на Советот на Општина Велес.