92,33 ПРОЦЕНТИ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАДОТ Е ОД ДОМАЌИНСТВАТА

Општина Велес редовно ги следи податоците за степенот на квалитет на амбиенталниот воздух.
Мерењата покажуваат дека во 2016 година, заклучно со 18.12.2016, 95 дена биле надминати концентрациите на суспендирани ПМ 10 четички, со што Велес е на 15-тото место во државата.
Дури 92,33 проценти од количеството на суспендирани честички произлегуваат како резултат од согорувањето во домашните ложишта. На второ и трето место според податоците за загадување се сообраќајот и индустријата.

Повеќе...

Градежни зафати на улиците М. Страчков и Т. Ацев

Општина Велес во моментов работи на проект со кој е предвидено тампонирање и прередување на коцката на улиците Милан Страчков и Тодор Ацев. Работници од фирма изведувач се на терен и ги извршуваат градежните зафати. Истовремено со реализицијата на проектот ќе се реши и проблемот со атмосферските води за граѓаните кои живеат во тој дел од градот. Вкупната должина на двете улици е околу 300 метри.

Повеќе...

Нови водоводни линии за седум улици во Велес

Општина Велес започна да врши замена на старите салонитни цевки со азбест од водоводната мрежа со нови. Проектот кој е финасиран преку Европската инвестициона банка опфаќа седум улици во градот. Нови водоводни полиетиленски цевки ќе бидат поставени долж улиците: Васил Главинов, Партение Зогравски, Мицко Козар, Титовоужичка, Игманска, Киро Ќучук и Гемиџиска.

Повеќе...

Јавна расправа за Нацрт-буџетот на општина Велес за 2017

Во просториите на Општина Велес денеска се одржа јавната расправа по нацрт-буџетот за 2017 годива. Претставниците од Урбаните и Месни заедници, лица од невладиниот сектор, образованието и институциите под надлежност на локалната самоуправа го видоа годишниот план на приходи и расходи за наредната година.
Денешната јавна расправа е само уште еден доказ за транспарентното работење на општината, но и продолжување на веќе востановената пракса буџетот да се носи во две фази.
Во наредниот период Советот на Општина Велес треба да го донесе предлог-буџетот.
Истиот начин и продцедура претходно беа применети во случаите со предлог програмите за работа на Општина Велес во сите области од општественото живеење.

Паркинг за 60 возила на улица Никола Карев

Заврши реконструкцијата на паркингот на улица Никола Карев во непосредна близина на Основното училиште „Васил Главинов“. Како дел од програмата за уредување на градежно земјиште – уредување на простори пред згради и зелени површини, поплочени се 1300 метри квадратни кои значително ќе подобрат за решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во овој дел од градот. Капацитетот на новиот паркинг изнесува 60 возила. Проектот чини 1,3 милони денари. Во изминативе три и пол години Општина Велес придава големо значење на проблемот со недостиг на паркинг простор.

Повеќе...

Нов систем за греење и ладење во салата на ССОУ Коле Неделковски

Значително подобрени условите за настава по физичко образование во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Денеска пуштен новиот систем за греење и ладење во спортската сала. Реконструкции се извршија и на електричното осветлување, покривнот, приспатниот дел, а заменети се и сите прозори. „Задоволни сме од реализацијата на целокпниот проект. Ова е само уште еден доказ дека работиме на унапредување на условите за настава, а секако во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Со денешниот настан практично училиштето исполнува високи критериуми за настава и станува едно од водечките во државата на тоа поле„рече Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.

Повеќе...

Ликовна работилница во ПОУ „Маца Овчарова

Во Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ денееска се одржа традиционалната Ребубличка ликовна работилница. На истата учество зедоа ученици од сите Посебни основни училишта од државата и основците од редовните училишта од Велес, Градско и Чашка. Нивните ликовни вештини учениците ги покажаа преку делата кои ги изработија врз производи од керамика, по што оваа работилница е специфична и многу ретка. Покровител на манифестацијата и овојпат, 20-та година по ред е Општина Велес. Таа е дел од низата настани со кои се одбележува 3-ти Декември Светскиот ден на лицата со хендикеп.

Повеќе...

Kонституиран „Советот за заштита на потрошувачите

Граѓаните добија уште едно тело кое ќе ги заштитува нивните права како потрошувачи. Во просториите на локалната самоуправа денеска конституиран „Советот за заштита на потрошувачите на Општина Велес“. Советот има седум членови од Пазарниот инспекторат, УЈП, Стопанската комора, општинските институции ,невладините организации кои се борат за правата на граѓаните и од Советот на Општина Велес.

Повеќе...

Недела за грижа на стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Општина Велес, Советот на млади и Здружението на пензионери ја одбележаа неделата за грижа на стари лица. За оваа цел денеска беа посетени стари лица во велешките села Кумарино, Отовица и Сујаклари и беа поделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи. „Помошта е симболична, но она што е поважо е да се испрати пораката дека треба да се грижиме за старите лица. Впрочем и мотото на акцијата го покажува тоа. „Сите сме нивни деца“ едноставно потребно е да им ја вратиме грижата која тие ни ја давале додека не влегле во зрелото доба.

Повеќе...

Се прави паркинг во Велес

Општина Велес продолжува да работи на решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во градот. Работници од фирма иведувач веќе поставуват нова подлога со бекатон во близина на ООУ „Васил Главинов“. Таму се врши партерно уредување на паркинг простор со вкупна површина од 1300 метри квадратни. Уредувањето е предвидено во програмата за работа на Општина Велес за 2016 година. Проценките се дека на оваа локација ќе се паркират околу 100-тина возила. Во изминативе три години многу проекти се реалзираа на ова поле.

Повеќе...