Продолжува реконструкцијата на велешкиот интернат
Во ОУД „Лазар Лазаревски” продолжуваат градежните активности за замена на столаријата. Постојните врати и прозорци се менуваат со нови изработени од „ПВЦ” материјал. До крајот на месецов ќе бидат променети 28 врати во спалните соби на учениците, на први и втори кат, и 31 прозори со термопан стакло.
Отворен нов маркет на ,,Жито" во Велес
Малопродажниот ланец „Жито маркети” денес отвори нов маркет во Велес на улицата „Христо Татарчев” бр. 8 во близина на интернатот „Лазар Лазаревски”. Oфицијалниот почеток со работа, на свечен начин го означија генералниот директор на компанијата Далибор Ѓошевски и градоначалникот Славчо Чадиев. Според вообичаената и веќе препознатлива практика на „Жито Маркети” и ова отворањето помина со голем број промоции, подароци и гратис производи.
Театарска претстава „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“
Вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот” гостуваше најизведуваната претстава на МНТ ,,Сомнително лице”. Претставата е адаптација на делото на Бранислав Нушиќ, а режисер е Синиша Ефтимов. За костимографијата се погрижи Лира Грабул, а за сценографија Љубо Јованоски.
Портретот на Петре Прличко ќе ја краси новата театарска зграда
Вечерва, по повод 27-ми Март – Светскиот ден на Театарот, во новиот објект на велешкиот театар се одржа пригодна свеченост на која што на директорот на установата Јордан Витанов, му беше предаден портретот на доајенот и бардот на македонската актерска уметност Петре Прличко. Делото чиј автор е велешкиот уметник Ангел Коруновски беше купено на аукција од страна на Ротари клубот од Велес во 2007 година, а тогашната идеја беше да се постави во новата театарска зграда по нејзината изградба.
СО ПОДДРШКА ОД НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ГЕМИЏИИ”, РАКОМЕТАРИТЕ НА ГРК „БОРЕЦ” ТРГНУВААТ ПО НОВИ УСПЕСИ'
Заврши зимската пауза во првата ракометна лига. Играчите на ГРК „Борец” викендов се враќаат на терен на куп-натпреварот против екипата на ХЈК „Работнички” кој се игра во недела од 19:00 часот. Од клубот очекуваат добри резултати. Екипата која во меѓувреме е засилена на центарската и на позицијата лев бек има за цел да го освои второто место на табелата со што ќе избори бараж за влез во супер лигата.
-„Викендов се враќаме на терен со куп натпревар против Работнички. Можам да кажам дека атмосферата во екипата е на високо ниво, се работеше добро и се надеваме на добри резултати.“ - рече Томе Бабунски, член на Управниот одбор на ГРК „Борец”.
Градоначалникот Славчо Чадиев вечерва оствари средба со граѓани кои живеаат во станбените згради спроти Гимназијата „Кочо Рацин” Градоначалникот Славчо Чадиев вечерва оствари средба со граѓани кои живеаат во станбените згради спроти Гимназијата „Кочо Рац
Градоначалникот Славчо Чадиев вечерва оствари средба со граѓани кои живеаат во станбените згради спроти Гимназијата „Кочо Рацин”. Притоа, на средбата граѓаните ги ги изнесоа своите размислувата за решавањето на неколку комунални проблеми со кои се сретнуваат во секојдневното живеење.
Проект за вработување на лица со попречености
Денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, УСАИД во соработка со Општина Велес го организираше четвртиот регионален промотивен настан на кој беа претставени проектните активности и успешните приказни на лица со попреченост кои се вработиле или добиле практикантски ангажман преку проект на оваа меѓународна организација.
На настанот учествуваа претставници од општините од Вардарскиот плански регион, како и од компании, невладини организации и јавни институции.
ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ СО ПОСЕБНО МЕСТО ВО КУЛТУРНАТА ПОНУДА ЗА ВЕЛЕШАНИ
„Велес - град на културата за 2015 година” е проект со кој пред се треба на граѓаните да им се направат достапни уметностите и уметничките дела за кои инаку треба да патуваат надвор од градот. Општина Велес тоа го прави со промовирање на литературни и ликовни дела, со концерти и музички настани, но многу важно и значајно е што оваа година големо внимание се посветува и на театарската уметност.
Приказни од шестиот кат
По повод Светскиот ден на театарот 27-ми март а во рамките на проектот „Велес - Град на културата за 2015 година", на големата сцена на новиот театар со почеток во 20.00 часот, велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот” ќе ја изведе најновата претстава од својот репертоар, комедијата „Приказни од шестиот кат”, работена според расказите на Драги Михајловски, а во драматизација и режија на Деан дамјановски.
Посета на градоначалникот на МЗ „Иванковци" и „Мамутчево".
Вечерва се продолжи со агендата на Градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Месни заедници во Општина Велес. Градоначалникот Чадиев ги посети Месните заедници од населените места Иванковци и Мамутчево каде што оствари средби со граѓаните.