Велешани ќе добијат нов затворен базен
Велешани ќе добијат затворен базен, а постоечкиот отворен ќе се реконструира. Како што соопшти градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција затворениот базен ќе биде лоциран во непосредна близина на постоечкиот градски базен,на самиот влез од северната страна каде во моментов се поставени реквизити за деца. „Објектот е со димензии 20,4 х 30,4 метри, со висина од 5, 6 метри. Самата водена површина која ќе биде изведена со 4 ленти, е 25 х 9 метри. Базенот ќе биде со длабочина од минимум 80 сантиметри до 1,2 метри.
Директорот на ЈПССО „Парк спорт“ разрешен од функцијата
Градоначалникот Аце Коцевски го разреши од функцијата Златко Гуцев, директор на ЈПССО „Парк спорт“. Одлуката Коцевски ја соопшти на прес конференција, на 1 февруари годинава. „Денес донесов одлука директорот на ЈПССО „Парк спорт“да го разрешам од должноста директор на истото претпријатие, пред сé поради незадоволителните резултати кои беа постигнати во минатиот период и многу неповолните состојби кои ги констатираа ревизорите на Општина Велес при контролата на материјално-финансиското работење“, рече Коцевски.
28 Седница на советот - решенија за градскиот базен и офицерскиот дом
На 28 седница, на 31 јануари годинава, Советот на Општина Велес донесе одлуки за изработка на физибилити студии за оправданоста на доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за градскиот базен и Офицерскиот дом.
Седниците на советот во живо
Со цел да се зајакне транспарентноста на општината, а граѓаните да можат директно да ја следат работата на Советот на општината, со 28-та седница на советот, на 31 јануари годинава започна примената на новиот систем за директен пренос на седниците.
Премиерот и Вицепремиерот во Велес- најавен динамичен економски развој на Македонија
„Тоа што беше навидум невозможно го направивме возможно, за Македонија се зборува во суперлативи. Имавме среќа што имаме прогресивни демократски сили во Грција. Нема повеќе изговори, сега мора да се работи и Македонија да тргне напред“. Со ваква порака премиерот Зоран Заев денеска во Велес им го честиташе на сите граѓани на Македонија големиот успех со ратификацијата на Преспанскиот договор и отворањето на Евроатланските перспективи за Македонија.
Соработка за развој на туризмот
На 23 јануари годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и претставници на агенцијата. Воспоставувањето на соработка на релација централно –локално ниво и заедничките активности за искористување на туристичките потенцијали можат во голема мера да ја придвижат локалната економија, беше констатирано на средбата.
Повик за учесници на програма за локален младински активизам во општина Велес
Како млад човек од Велес, дали можеш да ги идентификуваш потребите на твоите врсници во општината? Потребна ти е мотивација и алатки за да ја направиш промената која сакаш да ја видиш ?
Си размислувал/а да се запознаеш со претставници од твојата општина? Да ги осознаеш можностите кои општината ги нуди на младите? Да бидеш слушнат и да соработуваш заедно со возрасните ?
Доколку одговорот е ДА – овој повик е токму за тебе!
Адаптирани 2 тоалети за учениците со ограничена мобилност во ООУ„Васил Главинов“
Во тек се завршните работи од проектот за адаптација на две простории за тоалети за ученици од предметната настава кои имаат ограничена мобилност. Тоалетите се наоѓаат на првиот и вториот кат во десното крило на училишната зградата и се комплетно функционални и приспособени кон потребите на оваа група ученици.
Формирана коалиција за иднината на Велес
Граѓанските организации со силна поддршка за визијата за развојот на Велес како паметен град и град со план за одржлива урбана мобилност.
Коцевски во посета на првороденчето во 2019
Денес градоначалникот Аце Коцевски традиционално го посети првото новороденче во 2019 година на одделението за гинекологија и акушерство при градската болница Велес.