Како се управуваше со општинските пари од 2013 до 2017?
На ова прашање денеска се обиде да одговори граѓанската организација „Активо“. Анализата на буџетите на 9те општини од Вардарскиот регион беше во фокусот на денешната панел дискусија во рамки на проектот “Едуцирани и информирани граѓани - предуслов за транспарентни институции“.
Можности за поддршка од Европска инвестициона банка
Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари средба со претставници на консултантската куќа „ Прајсвотерхаускуперс“ која работи на анализа на потребите за финансирање на инфраструктурни проекти.
Во подготовка 56. издание на „Рацинови средби“
Првата седница на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“, се одржа на 21 февруари годинава во Општина Велес. На седницата, членовите на одборот ги разгледаа состојбите со распределбата на средства во Годишната програма за култура на Министерството за култура за 2019 година.
Делегацијата на ЕУ работи на мапирање на граѓанскиот сектор
Во рамките на мапирањето на граѓанското општество што го спроведува Делегацијата на Европската Унија, во периодот 19-20 февруари годинава, во Општина Велес престојува Зехра Кацапор –Џихиќ, член на тимот за евалуација.
Форумот за општините од Вардарскиот регион продолжува со работа
Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министертвото за локална соработка, а во рамките на проектот "Одржлив и инклизивен рамномерен регионален развој", денес (петок) 15. февруари 2019 година, во х. Гардениа, Велес, ја одржа втората по ред форумска сесија, од вкупно три.
Најавена 29. седница на советот
Во пресрет на денешната 29. седница на Советот на Општина Велес во име на советот, Весна Стојанова Богоевска ја информираше јавноста за дневниот ред на седницата.
Услугите во урбанизмот предизвик за општините и државата
Изработка на стратегија со краткорочни и среднорочни акциски планови, воведување на процедура за зголемено учество на граѓаните во донесувањето на урбанистичките планови, поголема соработка помеѓу надлежните служби во урбанизмот со проектантските бироа се дел од препораките во публикацијата „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ што Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус “ ја презентираше на 12 февруари годинава, во електронската сала на Општина Велес.
Коцевски побара темелно преиспитување на распределбата на средства во културата
„Без Рацин, Крсте Мисирков, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и многу други ние сме ништо. Овие великани се нашиот јазик, нашиот знак за препознавање и затоа мора со достојна почит да се однесуваме кон нив и да издвојуваме соодветни финансиски средства за организирање на манифестациите кои треба да бидат темел на македонската култура“.
Започнаа форумите за проекти во вардарскиот регион
Во рамките на проектот "Одржлив, инклузивен рамномерен и регионален развој" кој го реализира Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа, а кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, денес во Велес се одржа првата форумска сесија на која граѓаните имаа можност активно да се вклучат во процесот на одлучување за реализација на приоритетни проекти за општините на Вардарскиот плански регион.
Стефанија Јакимовска меѓу дваесет финалисти на Меѓународен фестивал во Мостар
„Малите деца создаваат големи светови“ е литературната творба со која Стефанија Јакимовска се најде меѓу дваесетте финалисти на Меѓународниот фестивал за деца-поети „Алекса Шантиќ“. Фестивалот се одржа на 1.и 2. февруари во Мостар. Таа го доби ова признание во конкуренција на 1500 литературни творби на деца од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Грција.