Донација од „Пакомак“ за велешани
Советот на Општина Велес на својата 15-та седница одлучи да ја прифати донацијата на „Пакомак“ ДОО Скопје во 20 пластични контејнери од 1,5 м³. Контејнерите се наменети за собирање и складирање на отпадно стакло.
Зелено светло за статутите на новите јавни претпријатија
На 15-та седница на Советот на Општина Велес, одржана на 8-ми мај годинава, советот даде согласност за донесување на статутите на двете нови јавни претпријатија: Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Велес-паркинг“ и Јавното претпријатие за енергетика “Велес-Гас“.
Танец го разигра Велес
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ повторно ги освои срцата на велешани. На 9-ти мај годинава во театарот „ЈХК-Џинот“, љубителите на фолклорот уживаа во настапот на македонскиот културен амбасадор.
Одбележан Денот на Европа
Со фудбалски натпревари помеѓу имагинарни европски екипи создадени од средните училишта во Велес, средби со младите и презентација на 6 европски земји, денеска во Велес беше одбележан Денот на Европа 9-ти Мај.
Почит за жртвите на фашизмот - 73 години од Денот на победата
По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ, АРМ, институции, установи, јавни претпријатија, здруженија на граѓани и политички партии денес на Спомен – костурницата положија букети цвеќе и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот.
Нов поттик за локалната економија- Германска донација за практична обука во ССОУ „Коле Неделковски“
Денеска Велес беше сведок на вистински пример на соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, а во интерес на младите и нивното стручно образование. ССОУ „Коле Неделковски“ доби техничка опрема во вредност од 40.000 евра. Оваа вредна донација ја обезбедија компанијата „ Маркарт“ и учесниците на меѓународното рели „Европа-Ориент“.
Честитка по повод Денот на полицијата
Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, на сите припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7 Мај,
Инфраструктурните проекти приоритет
Иако соочена со долгови, Општина Велес работи на реализацијата на инфраструктурни проекти со цел да излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
Стоп за узурпацијата - сите се еднакви пред законот
Градоначалникот Коцевски на прес конференција ја информираше јавноста за мерките против узурпацијата на јавните површини пред зградите на улицата „Благој Ѓорев“.
Позитивните финансиски резултати основа за развој на Велес
Со став дека во изминатиот период фокусот на работата на општината беше враќањето на долговите што се наследени од претходното раководство на општината, на прес конференцијата одржана на 7-ми мај, годинава, Коцевски информираше за финансиските резултати во првиот квартал од 2018.