Германска инвестиција во интерес на иднината на младите велешани
Со цел Велес да прерасне во една од општините која гради нови кадри соодветно на потребите на бизнис секторот, денеска градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Тобијас Боле, координатор за дуално средно стручно образование при Германската Стопанска комора, претставници на компаниите „Маркард“ и „Ронтис“ и ССОУ „Коле Неделковски“.
Панел дискусија на УНИЦЕФ и ВИГОТСКИ
На 3-ти април годинава, Општина Велес беше домаќин на панел дискусија организирана од УНИЦЕФ и Центарот за интегрална рехабилитација ВИГОТСКИ, насловена „Фер родител-фер дете“.
Отстранета карпата од коловозот
Градежното претпријатие „Гранит“ заврши со активностите за отстранување на карпестата маса од коловозот на регионалниот пат Велес - Градско. Во текот на денот продолжија и активностите за отстранување на остатоците на вертикалната карпа над коловозот.
Директни средби со граѓаните
Градоначалникот Аце Коцевски денеска го посвети денот на директните средби со граѓаните и нивните проблеми. Легализацијата, отстранувањето на бесправните објекти, социјалната помош и барањата за вработување предничеа на листата на проблеми за чие решавање граѓаните бараат поддршка од градоначалникот.
Се расчистува патниот правец Велес – Градско
АД „Гранит“ фирма што државата ја ангажираше да го отстрани одронот од патниот правец Велес-Градско, изминатиот викенд работеше на ситнење на одронетата карпа за да овозможат отстранување од коловозот и транспорт.
Во моментов, градежна машина – багер со хидрауличен чекан работи на дробење на карпата на коловозот, а стручни лица од фирмата работат на отстранување на нестабилните делови на карпата над коловозот.
Здробените карпи на коловозот ќе ги остранува ЈП „Македонија пат“ со потребната механизација. Според најавите од претпријатијата вклучени во работата, се очекува во најкус можен рок коловозот да биде расчистен. Засега не се добиени согласности за минирање од надлежните органи и тековните активности се во насока на решавање на состојбата со алтернативни мерки.
Решавање на проблемите со билбордите
На 13-та седница на Советот на Општина Велес посебно внимание беше посветено на проблемите со билбордите за рекламирање.
Советот одлучи - кафе баровите ќе поставуваат опрема само на ограничени површини
На 13-та седница, на предлог на Градоначалникот, Советот на Општина Велес донесе одлука за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема. Со оваа одлука на сопствениците на кафе барови и други угостителски објекти ќе им биде дозволено да поставуваат маси и столчиња само во широчината и должината на деловниот објект кон јавната површина, доколку се исполнети стандардите од одлуката и условите од други прописи.
Приоритетните проблеми во фокусот на советничките прашања
Решавање на проблемите со одронот, легализацијата на бесправно изградените објекти, проблемите со превозниците ангажирани за превоз на ученици, поставувањето на контејнери за отпад на подрачјето на општината, кучињата скитници, беа само мал дел од прашањата што членовите на Советот на Општина Велес му ги упатија на градоначалникот Аце Коцевски на 13-та седница на советот што се одржа на 29 март годинава.
Отпадот ќе се пресметува во м3
На предлог на Градоначалникот Коцевски, Советот на Општина Велес донесе одлука за промена на единицата мерка за пресметување на цената за собирање и транспортирање на отпад. Од први мај годинава, правните субјекти како фабриките, трговските центри, банките,хотелите, стовариштата, училиштата, градинките, здравствените установи и ординации ќе плаќаат по м3 создаден отпад.
Традиционалната АПРИЛИЈАДА во понеделник
Општина Велес ги поканува сите клинцови, клинцези и ликови од бајките во друштво на постарите во понеделник (2-ри април, 2018), во 11 часот во Младински парк да дојдат на традиционалната манифестација „Априлијада 2018“. Дојдете заедно да го прославиме денот на шегата и насмевките.